Аурора (филм од 2010)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Аурора - романски филм од 2010 година, во режија на Кристи Пују (Cristi Puiu), кој е автор и на сценариото и ја игра главната улоги. Покрај него, во филмот настапуваат: Клара Вода (Clara Voda), Валерија Сечу (Valeria Seciu), Луминица Георгиу (Luminita Gheorghiu), Катринел Думитреску (Catrinel Dumitrescu), Џелу Колчеаг (Gelu Colceag), Валентин Попеску (Valentin Popescu), Георге Ифрим (Gheorghe Ifrim), Алина Григоре (Alina Grigore) и Летиција Роскулет (Letitia Rosculet). „Аурора“ претставува втор филм од планираниот серијал со наслов „Шест приказни од предградијата на Букурешт“.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Осамениот Виорел (го игра Пују) е металски работник од едно предградие на Букурешт, на возраст од 42 години. Тој е разведен при што има две ќерки, а само што добива отказ од работата. Виорел не сфаќа зошто го напуштила сопругата и зошто животот му оди во лоша насока. Инаку, тој е асоцијална и кататонична личност која во текот на ден и половина посетува неколку различни локации: најпрвин оди во својата фабрика и му го враќа долгот на еден свој колега, а од друг ги зема документите за отказот; потоа оди во продавницата за оружје и купува пушка; и најпосле, оди да им се одмазди на сите кои ги смета за виновни за својата животна несреќа...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]