Ауди R4

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ауди R4
Audi e-tron (Edit1).jpg
ПроизведувачАуди
Матично претпријатиегрупација Фолксваген
Производство2012
Класаспортски автомобил
родстер
Тип на каросерија2 врати, кабриолет
Распоредсредиштен мотор, четиритркален погон
СродниФолксваген Блуспорт
Ауди Р8 е-трон

Ауди R4 (германски: Audi R4) — мал спортски автомобил кој треба да го произведува Ауди. R4 ќе има две верзии - електрична и бензинска.[1] Производните модели ќе се појават на пазарот во 2012 г.[1] Ова ќе биде второто возило на Ауди со ознаката 'R', по моделот R8. Како и моделот R8, овој автомобил ќе има централен мотор и две седишта. Се очекува да биде достапен како родстер.[1]

Електрична варијанта[уреди | уреди извор]

Електричната варијанта ќе се заснова на концептот „е-Трон“ прикажан на Франкфурскиот автосаем 2009.[1] Автомобилот ќе има литиумскојонски акумулатор и четири електрични главински (тркални) мотори, по еден на секое тркало.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Audi ќе конструира R4 електричен родстер“. Edmunds Inc. 14 октомври 2009. Посетено на 19 октомври 2009. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]