Аугуста Викторија
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Аугуста Викторија מתחם אוגוסטה ויקטוריה | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Ерусалим, Израел |
Координати | Координати: 31°47′12″N 35°14′57″E / 31.78667° N; 35.24917° E |
Припадност | Христијанство |
Епархија | Маслинова Гора |
Осветен | 1907 |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | Роберт Леибнитз |
Архитектонски тип | црква болница |
Завршен | 1910 |
Болницата Аугуста Викторија (хебрејски:מתחם אוגוסטה ויקטוריה) е поранешна црква која се наоѓа на Маслинова Гора во Ерусалим, Израел.
Аугуста Викторија била изградена во 1907 година како центар на германската протестанска заедница во Османлиското Царство. Нејзиното завршување е во 1910 година, чиј комплекс вклучувал Евангелистичката Лутеранска црква, како и клиника за христијанските пилигрими.
Комплексот е посветен на прусиската кралица Аугуста Викторија, сопруга на Вилхем II, кој го посетил Ерусалим во 1898 година. Негов архитект е Роберт Леибнитз, инспириран од кралската палата Хоенцолерн.
Денеска, Аугуста Викторија е втора по големина болница во Источен Ерусалим.