Атракција 4
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Атракција 4 | |
|---|---|
| Податотека:4x4Logo.jpg | |
| Жанр | комедија теленовела |
| Создадена од | Марсело Тинели |
| Улоги | Габриел Гоити Карола Рејна Камила Бордонада Луисана Лопилато |
| Земја на потекло | Аргентина |
| Првичен јазик | шпански |
| Бр. на сезони | 1 |
| Бр. на епизоди | 111 |
| Производство | |
| Извршен продуцент | Густаво Белати |
| Времетраење | 45 минути |
| Прикажување | |
| Првична мрежа | Канал 13 |
| Првично прикажување | 3 ноември 2008 – 5 мај 2009 |
| Хронологија | |
| Следбеник | непознато |
| Надворешни врски | |
| atraccionx4.tv | |
Атракција 4 (шпански јазик: Atraccion 4x4) е аргентинска теленовела. Всушност, ова е тинејџерска телекомедија под продукција на Идеас дел Сур. Серијата имаше одлични резултати со својот старт кој беше на 3 ноември 2008 год. Како дел од глумечката екипа се појавија нам добро познатите Луисана Лопилато и Камила Бордонада, како и братот на Луисана, Дарио Лопилато.
Синопсис
[уреди | уреди извор]"Атракција 4x4" ни ја раскажува приказната за две семејства од различни социјални класи, кои заради своите судбини се собираат и споделуваат интриги, романтика и битки и оние кои растат и возрасните. Хамлет Лакале ја создал музиката за песната за жената, која му го предизвикала најголемото разочарување: Летисија Рокатаглиата Балбуена. Изминатите дваесет години таа песна била исполнета и препишана од најпознатите музичари во светот. Наискрениот пријател на Хамлет, Гонсало Милохас му ги украдил двете најголеми работи: музичката тема претворајќи во хит, од која станува милионер, и неговата голема љубов, Летисија, за која се оженил. Од тој ден, лошата среча во професијата го следи Хамлет, и покрај тоа, тој продолжува да е простодушен и заработува храна заедно со ќерките и една група од пријатели пеејќи во музички бенд наречен Patota Tropical. После откако останал вдовец, тој се грижи за своите три ќерки, кои ги обожава и им помага на секој начин. Историјата се дели на два дела. Во едниот дел се возрасноте, со Хамлет и неговата борба да си го врати она кое е негово. Таму се справува против Гонсало, кој го заштитува она кое го добил по нечесен пат. А Летисија повторно се среќава со Хамлет, од кого таа ги има најубавите спомени и исто така е причината за неговото најголемото разочарување. Во младата глумечка екипа, ќерките на Хамлет и донесените синови на Летисија ја предизвикуваат судбината и споделуваат авантури и романси, додека се обидуваат да се приспособат еден кон друг и покрај различните начини на живот.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Габриел Гоити | Хамлет |
| Карола Рејна | Летисија |
| Камила Бордонада | Малена |
| Луисана Лопилато | Нина |
| Хуана Дубари | Паула |
| Родриго Гирао Диаз | Франциско |
| Елиас Вињолес | Кето |
| Дарио Лопилато | Пабло |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место Архивирано на 3 декември 2008 г.
- Официјален блог Архивирано на 4 декември 2008 г.