Атлас (анатомија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Атлас (анатомија)
Позиција на атласот (во црвено).
Податоци
Назнаки
ЛатинскиAtlas, vertebra cervicalis I
TAA02.2.02.101
FMAFMA:12519

Во анатомијата, атлас (C1) е најгорниот (прв) вратен прешлен на ‘рбетниот столб. Тој е наречен според Атлас од старогрчката митологија, бидејќи ја држи главата.

Опис[уреди | уреди извор]

Атласот е најважниот пршлен, зашто е одговорен да ја држи главата. Се наоѓа меѓу основата на главата и вториот вратен пршлен. Од едната страна е поврзан со тилните кондили на тилната коска, а од другата страна со вториот вратен прешлен, наречен „аксис“. Тој е тенок и најлесен пршлен во целиот ’рбет, со тежина од околу 15-20 грама. Со негова помош се извршуваат сите движења на главата, а во него се наоѓаат и важни центри за живот. Така, низ него поминува нервот „вагус“ кој ги контролира сите внатрешни органи, како и дел од кранијалните нерви, артерии, вени и лимфни садови.[1]

Заболувања[уреди | уреди извор]

Кога атласот не е во својата физиолошка положба, тој врши притисок врз артериите, вените, лимфните садови и нервите што поминуваат низ него, а во таква состојба страда мозокот, бидејќи во него нема доволно кислород, така што целото тело се наоѓа во енергетски дефицит. Притоа, под изместување на атласот се подразбира минимално лизгање од само неколку десетини делови од милиметарот. До изместување на атласот доаѓа поради различни причини, како: генетски предизпозиции, патолошка положба на атласот во текот на ембрионалниот развој, неправилно седење, неправилни навики на вртење на вратот, спортска неактивност, неправилна положба при спиењето, повреди, како и невролошки, ревматолошки, автоимуни заболувања и нарушување на метаболизмот. Дијагнозата се поставува со анамнеза, рендгенско испитување итн. За лекување на проблемите со атласот најчесто се применува физикална терапија, а во поново време и Атлас релакс методот за репозиција на првиот вратен пршлен.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Толе Битовски, „Мобилните телефони предизвикуваат сериозни проблеми во вратот“, Општина Аеродром, година XII, број 77, јули-август 2017, стр. 22-23.