Атински aкропол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Атински Акропол*
Светско наследство на УНЕСКО

T
Држава Грција
Тип Старогрчка архитектура
Критериуми i, ii, iii, iv, vi
Навод 404
Регион** Европа
Координати 37° СГШ 23° ИГД / 
Записно минато
Запис 1987  (11th заседание)
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.

Атинскиот Акропол е еден од најпознатите акрополи кој се наоѓа во Грција. Се наоѓа на 150 метри надморска височина во грчката престолнина Атина. Акрополот бил изграден во времето на микенската цивилизација и се смета дека бил рездиденција на царскиот дворец. Во 447 п.н.е., во времето на Перикле започнала реконструкција на комплексот, време кое е познато и како Златен Век во историјата на Атина. Главен скулптур бил Фидиј, а архитекти биле Иктин и Каликрат.

Во 437 п.н.е. започнала изградбата на главниот влез на акрополот, кој се викал Пропилеи и главен архитект бил Мнесикле. Најголемата градба на акрополот е партенонот. Тој е храм кој бил посветен на Атина. Храмот бил разрушен во 480 п.н.е. година од страна на персијците. Истата била повторно изградена во времето на Перикле. На западниот дел од партенон се наоѓа друг храм, наречен Ерехтеон.

Од 2001 до 2006 година, комплексот бил реконструиран. Од 1987 година, акрополот бил вклучен во списокот на УНЕСКО.

Историја[уреди]

Според преданијата, Атена и Посејдон спореле околу превласта над градот Атина. Посејдон ја докажувал својата сила удирајќи со својот тризабец по карпата Акропол, а веднаш после тоа од истото место започнало да извира вода. Божицата Атена, после тоа, на голата карпа засадила маслиново дрво кое веднаш почнало да цвета. Посејдон по ова признал дека бил победен, а светото маслиново дрво на божицата Атена го бранела акрополот од сите надворешни напади. Врз основа на докази, утврдено е дека жолто-сината карпа од вар, која се издигнувала 156 метри над морето, а 80 метри над Атина била наречена Акропол – овој назив значи “Горен град“ и многу често бил користен за ископувања и за истражување на Стара Грција – уште од неолитско време, се смета дека бил создаден.

Првата утврдена палата, била изградена во времето на микенската цивилизација. Остатоците на ѕидините од тоа време, околу 1200 п.н.е. останале зачувани. Грците во 6 век п.н.е. меѓу останатото, изградиле и еден храм посветен на божицата Атена, монументална влезна врата и светилиште. Персијците во периодот од 480-479 година го разрушиле целиот град. По ова следувало повторната негова изградба. Како материјал ги користеле остатоците од старите храмови. Подоцна ископувањето овозможило да се здобијат со драгоцени податоци за изгледот на првите грчки градби на Акропол. Меѓу останатото, биле пронајдени склуптури од старите храмови обоени во јаки бои. Војсководецот и диктаторот Перикле, од 461 п.н.е. владеел со Атина и наредил на ридот Акропол да се изградат градбите кои во целина се зачувани до денес. Во 448 година, била основана комисија на градители, меѓу кои биле истаканати вајари – меѓу нив и Фидиј – архитекти и сликари. Сојузната благајна била против повторното градење, бидејќи биле потребни огромни количини на парични средства за реализација на овој проект.

Пертенон[уреди]

Пертенон бил главниот храм во Атина и првиот што бил изграден. Нацртите ги направил Иктин, a Каликрат го презел приматот во градењето. На огромната камена површина од три скалила, чија што основна површина на горниот бочен дел изнесувал 70 х 30 метри, се издигнувале 46 столбови високи преку 10 метри, со дорски стил. На столбовите биле извајани ликови и склуптури и се вбројувале меѓу најголемите вајарски работи. Во средината на храмот била поставена статуа на богињата Атена висока 13 метри, инаку дело на Фидиј и била обложена со злато и слонова коска.

Во 5 век, партенон се претворил во христијански храм. Османлиите во 1456 година овој храм го претвориле во џамија и изградиле минаре. Кога венецијанците предводени од грофот Кенигсмарк ги опколиле и целото население се засолнило Партенон; се надевале дека непријателот нема да се осуди да го нападне храмот. Но, тоа сепак се случило. “Еден полковник се осуди да фрли бомба во хармот“, стои во еден од најдените историски записи. Експлозијата го разрушила поголемиот дел од храмот. Голем број на акции биле преземени за реставрирање на храмот, а најважната акција била преземена од страна на Лео Кленц во 1834 година, по налог на Лудвиг I од Баварија.

Втората градба од времето на Перикле бил храмот Атена Нике. Овој мал храм во јонски стил бил повторно изграден од страна на Каликрат. Површината на храмот била 5 х 8 m со 4 m високи столбови и 45 cm високи ѕидови на кои имале голем број на познати ликови. За време на османлиите, овој храм бил проширен, од камен блковите била изградена кула. Германскиот археолог Рос ја срушил оваа кула во периодот 1835-36 година и повторно го изградил храмот.

На храмот се работело повеќе од 16 години, бидејќи во меѓувреме било одлучено најпрво да се изгради главниот влез на акрополот т.н. Пропилеј. Тој го нацртал главниот влез на акрополот со дванаесет надворешни дорски столбови. На двете страни на влезот требало да се издигне четвороаголни столбови кои никогаш не биле довршени. На левото крило на Пропилеј била направена првата галерија на слики.

Четврта голема градба на тој простор односно на западниот дел од Партенон бил изграден уште еден храм, наречен Ерехтеон. Овој храм исто така бил изграден од страна на Мнесикле. Но, само што се започнало со изградбата во 431 п.н.е., започнала триесет годиншната Пелопонеска војна меѓу Атина и Спарта, поради што изградбата била запрена. Во 429 година Перикле починал, а дури во 404 година Атина морала да се предаде и да се согласи на склучување на понижувачкиот мировен договор. Економската моќ на метрополата била исцрпена. Сепак, ја искористиле победата на атинската поморска флота над спртанската и го довршиле храмот Ерехтеон во период од две години. Делото било довршено од страна на Филокле – градба со неправилен нацрт, украсен со столбови во јонски стил. И, овој храм потекнува од Перикле, а неговите противници го критикувале дека го украсува градот како “некоја дама“. Денеска, времето на Перикле претставува еден од сјајните историски периоди во општеството.