Атина (полис)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Атина
Αθήναι
Бувот на Атина, заштитник на Атина
Местоположба на
Главен градАтина
Уредување демократија
Законодавство Еклесија
Валута драхма
1BBC History

Градот Атина (старогрчки: Ἀθῆναι, Athênai; за време на класичниот период на Стара Грција (480–323 п.н.е.) [1] бил најголемиот урбан центар на значајниот истоимен полис (град-држава), сместен во Атика, Грција, ја предводел Делијанската лига во Пелопонеската војна против Спарта и Пелопонеската лига . Атинската демократија била воспоставена во 508 година п.н.е. под власта на Клистен по тиранијата на Исагора. Овој систем останал неверојатно стабилен и со неколку кратки прекини останал на сила 180 години, сè до 322 година п.н.е. (после Ламиската војна). Врвот на атинската хегемонија бил постигнат во 440-ти до 430-ти години п.н.е., познат како ера на Перикле.

Во класичниот период, Атина била центар на уметност, учење и филозофија, дом на Академијата на Платон и Аристотеловиот лицеј,[2][3] Атина била и родното место на Сократ, Платон, Перикле, Аристофан, Софокле, и многу други истакнати филозофи, писатели и политичари од античкиот свет. Нашироко се нарекува лулка на западната цивилизација и родно место на демократијата[4] главно поради влијанието на нејзините културни и политички достигнувања во текот на 5 и 4 век п.н.е. врз остатокот од тогаш познатиот европски континент.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Democracy and knowledge: innovation and learning in classical Athens by Josiah Ober p. 40 ISBN 0-691-13347-6 (2008)
  2. „Plato's Academy“. Hellenic Ministry of Culture. www.culture.gr. Архивирано од изворникот на 2007-03-21. Посетено на 2007-03-28.
  3. CNN & Associated Press (1997-01-16). „Greece uncovers 'holy grail' of Greek archeology“. CNN.com. Архивирано од изворникот на April 4, 2005. Посетено на 2007-03-28.
  4. „Ancient History in depth The Democratic Experiment“. BBC. Посетено на 2007-12-26.