Атанас Цонев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Атанас Иванов Цонев
1857-1946
AtanasNivichki.jpg
македонски револуционер
Прекар:Нивички, Брадата
Роден во:Нивичино, Струмичко

Атанас Иванов Цонев повеќе познат под имињата Атанас Нивички или Нивичански, Брадата или Фратер Атанас е македонски револуционер од Струмичко, деец на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Четата на Атанас Нивичански (стои, втор од десно)

Рани години[уреди | уреди извор]

Атанас Нивички е роден во планинското село Нивичино, Струмичко, во 1857 година. Тој потекнува од сиромашно семејство, кое се занимавало во главно со сточарство. Немал можност да се школува, но сепак од животниот пат научил многу. Во револуционерната дејност бил поддржуван од неговата сопруга Ангелина (Анѓа) и неговиот син Стојан.[1]

Револуционерна дејност[уреди | уреди извор]

Својата револуционерна дејност ја започнува во 1897 година кога учествува во акцијата за пленување на богатиот Назл`м бег. Тогаш е фатен од турските власти, при што е затворен и мачен. Со усвитено железо бил изгорен од левата страна од телото, кај ребрата, што му оставило животен белег на телото. Потоа, бил фрлен во порој за да умре но, преку ноќта успешно се освестил и се довлекол до куќата на Јован Дончев. Таму бил лекуван со мевлем, набавен од градската аптека во Струмица. По некое време закрепнал, но белегот останал засекогаш. По овој настан, станал уште поогорчен непријател на власта, а кога се појавил врховизмот бил голем противник на неговите носители и претставници.[1]

Во 1901 година во неговото село пристигнува Михаил Герџиков, кој за Нивичански во своите спомени пишува:

„Атанас Невичански, има заслуги затоа што не пропушти ниту еден врховист во својот пункт. Тој имаше силно влијание над селаните; одеше сам, беше умен човек, прекрасен, итар, но благороден, чесен.“

— Въ Македония и Одринско ― Спомени на Михаилъ Герджиковъ[2]

Афера „Мис стон“[уреди | уреди извор]

Атанас Цонев бил прочуен војвода од огражденското село Нивичино, па поради тоа во 1902 година учествува во аферата „Мис Стон“. Од страна на раководителите на киднапирањето бил ангажиран да ги прифати двете жени заедно со бебето во своето село, додека траат преговорите. За нивната безбедност се гиржела неговата чета, а со храна биле снабдени од сопругата и синот на Атанас. Откако било спремно предавањето на парите, имал за задача да ги пренесе истите до селото Градошорци, при што во мугрите на 23 февруари, денот на ослободувањето, ги оставил жените со бебето пред селската црква.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Костадин Кајдамов, Илинденски настани во Струмичко, Скопје, 2003, стр. 76
  2. Материјали за историјата на македонското ослободително движење, книга IX
  3. Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 369

Поврзано[уреди | уреди извор]