Атанас Романов
| Атанас Романов | |
|---|---|
| Роден/а | 22 декември 1911
Софија, Бугарија |
| Починат/а | 23 јули 1942
Софија |
| Народност | Македонец |
Атанас Романов (Софија, 22 декември 1911 - Софија, 23 јули 1942 ) — учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија.[1] Близок пријател со македонските поети Антон Попов и Никола Вапцаров, со кои заедно се стрелани од страна на бугарските фашистички власти.[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Родителите на Атанас, биле Македонци. Неговиот татко Димитар најпрво бил учител, потоа ситен службеник, а подоцна работник. Често ја губел работата поради своите прогресивни идеи, а семејството го менувало местото на живеење, одејќи повторно таму каде што тој нашол егзистенција. Ја помагал активноста и на неговиот син, бидејќи имал симпатии кон прогресивното движење. Неговата мајка Милка (Ковачева) Романова, била по потекло од Кукуш, израсната во револуционерно семејство. Атанас бил нивно трето дете и имал две постари сестри.[1]
Смрт
[уреди | уреди извор]
Во судскиот процес против ЦК БРП на 22 јули е осуден на смрт и на 23 јули, заедно со Македонците Никола Вапцаров, Антон Попов и тројца други бугарски комунисти, е стрелан на софиското гарнизонско стрелиште.[1]

Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Радева, Мара (1964). Атанас Романов. Софија: БКП Издателство.
- ↑ Стаменов - Неретски, Ване (2012). „Спомени за антифашистот Никола Јонков Вапцаров“. Скопје: Кома дизајн. стр. 166. ISBN 978-9989-2385-3-6.
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |