Атанас Костовски
| Атанас Костовски | ||
| Роден | 1 август 1938 Пехчево, Кралство Југославија (денес Македонија) | |
|---|---|---|
| Занимање | новинар, спортски коментатор | |
Атанас Костовски (Пехчево, 1 август 1938) — македонски новинар и спортски коментатор.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во Пехчево на 1 август 1938 година. Завршил гимназија во Кочани во 1956 година. Во периодот од 1960 до 1964 година работел во весникот „Млад борец“, а во периодот од 1964 до 2001 година во спортската редакција на Телевизија Скопје и потоа Македонската радио-телевизија.[1] По пензионирањето во 2001 година, Костовски кратко време има работено како спортски новинар во приватната телевизија Канал 5, а неговиот глас го има позајмувано и при снимање на рекламни спотови.
Во својата кариера, Костовски има коментирано повеќе од 2500 спортски преноси. Тој известувал од осум Олимписки игри, од по 14 светски и европски првенства, пет балкански првенства, Универзијади, Средоземни игри и други настани.[1]
Награди
[уреди | уреди извор]- 2023 - награда „13 Ноември“, за општествен придонес во развојот на спортскиот живот на Град Скопје во изминативе 65 години.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Македонска енциклопедија. I (I. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 744. ISBN 978-608-203-024-1.
- ↑ „Доделени наградите „13 Ноември"“. Град Скопје. 13 ноември 2023. Посетено на 10 декември 2025.