Атанас Караманов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Атанас Караманов — војвода, роден 1863 година во селото Дабиле, Струмичко. Потекнувал од сиромашно земјоделско семејство. Учителствувал во родното место. Бил војвода на чета и меѓу соборците важел за добар организационен работник. Од неговите современици е окарактеризиран како "појуначен, донекаде со ајдучки навики." Учествувал во повеќе револуционерни настани, акции и потфати реализирани во струмичко во предилинденскиот и во поилиндеснкиот период. Активно учествувал во познатите настани од 1908 година поврзани со Младотурската револуција. Со неколку десетици струмичани зел учество (на страната на младотурците) и во походот на Истанбул при задушувањето на контрареволуцијата предизвикана од страна на султанот Абдул Хамид II итн. Атанас Караманов несреќно го загубил животот во 1911 година, во една вооружена престрелка што се случила во околината на градот Струмица. [1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Струмица и струмичко низ историјата, Манол Пандевски, Ѓорѓи Стоев-Трнката, Струмица, 1969