Атанас Далчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Атанас Далчев (бугарски: Атанас Далчев) бил бугарски поет, филозоф и преведувач од македонско потекло. Во Бугарија е почитуван како класичен автор на модерната поезија и филозофска проза.[1]

Биографиjа[уреди | уреди извор]

Атанас Далчев е роден на 12 јуни 1904 во Солун во Отоманската империја во фамилијата на Христо Далчев, адвокат од Кукуш и учител во Солунската бугарска машка гимназија "Св. Кирил и Методиј", и Викторија Дишмова од Прилеп. Во 1908 година таткото станува пратеник во Отоманското собрание од левата Народна федеративна партија (бугарска секција). Во периодот 1908-1912 Далчеви престојуваат во Истанбул, а во текот на Балканските војни во Солун и Дедеагач, денешниот Александруполис. По краjот на Балканските воjни фамилиjата се иселува во Бугарија и останува да живее во Софија. Таму Далчев учи во престижната Прва машка гимназиjа. За прв пат публикува свои стихови во 1921 година уште како ученик. Студира филозофиjа во Софискиот универзитет. Во наредните години активно публикува стихови во многу бугарски медиуми. Првиот сопствен зборник го издава во 1926 година, а малку подоцна станува учесник во познатиот литературен круг "Стрелец". Во периодот 1927-1929 патува во Западна Европа и посетува лекции во некои европски универзитети. Се импресионира од стилот на експресионизмот и се интересира од модерните трендови во науката, психологиjа и психоанализа. Почнува работа како учител и продолжува да публикува. Во периодот по создавањето на комунистичката диктатура во 1944 година е ставен под притисоци од страна на властите и го прекинува пишувањето. До 1952 година се издржува како преведувач, а потоа почнува работа како редактор во литературни медиуми. Не пишува дури до 1956 година, кога се враќа кон сопственото творештво. До краjот на своjот живот издава уште неколку книги со уметност и еден зборник со мали филозофски фрагменти. Во доцниот период го добива признанието на читателите и власта, добитник е на редица државни и меѓународни награди. Продолжува да работи и како преведувач на световни класични автори. Одделни книги на Далчев се преведени на француски, словачки, чешки, унгарски, руски, германски, италијански, полски, фински и шпански jазици, а општо негови творби се преведени на повеќе од 15 jазици. Умира на 17 јануари 1978 во Софија.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. "Речник по нова българска литература", Българска академия на науките, Институт за литература, София, 1994, стр. 95-96. (бугарски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]