Атанас Ботев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Атанас Ботев
Роден 30 август 1973[1]
Скопје, Република Македонија[1]
Националност Македонец
Познат македонски графички и ликовен уметник
Занимање графички и ликовен уметник, куратор
Официјално мрежно местоhttp://atanasbotev.com/

Атанас Ботев (Скопје, 30 август 1973) — македонски ликовен уметник.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден во Скопје, 1973. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (графика и графички дизајн) во 1997. Магистрира на истиот факултет во 1999. Работи како раководител на Отвореното графичко студио при Музеј на Град Скопје.[2] Работи во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, инсталација, перформанс.

Активен е и на полето на графичкиот дизајн: плакат за Скопски џез фестивал, 2005; обвивки за албумите на Пиколомини, Алек Пејовски и НАВ; поштенска марка - 100 години ФИФА; плакат за документарниот филм Ако никој не свири во режија на Ѓорѓи Јаневски; бројни илустрации за детски списанија и книги. Објавувал стрипови и илустрации во списанијата Лифт, Макстрип, Strip No Borders, Маргина, Автор е на сторибордот за филмот Тајната книга во режија на Владо Цветановски, 2002.

Творештво[уреди | уреди извор]

Атанас Ботев е ангажиран автор кој совршено владее со сликарските техники. Ангажираноста и засегнатоста со општествените проблеми на глобален и локален план, како и критичкото преиспитување на општествените вредности во неговите дела, се одлики на неговото творештво. Според образованието графичар, Атанас Ботев поддеднакво владее со графиката, стрипот, цртежот, колажот, сликарските техники и концептуалната практика, до максимум експлоатирајќи ги и комбинирајќи ги нивните можности во рамките на постмодерниот дискурс и неговата автореферентност, наративност, фетишизам, симулација, мас-медиумска иконографија, јукстапозиција, суперреалност. Творештвото на Атанас Ботев е авторски одговор на агресијата на стварното. Неговите слики полемизираат со актуелните политички и културни состојби. Неговиот сликарски свет се конституира како резултанта на судирот меѓу две сили -дезинтеграцијата (политичка, културна, религиска, сексуална, национална...) и интеграцијата (глобализација, мултикултура, мултиконфесионалност, транссексуалност, Нов Светски поредок...).

Изложби[уреди | уреди извор]

Самостојни изложби:

  • 2014 - Цетиње, Црна Гора, Црногорска галерија на уметноста „Миодраг Дадо Ѓуриќ“[3]
  • 2012 - Скопје, Луцидно синестетички дијалог, Галерија „Око“
  • 2010 - Скопје, Deus Sex Machina, Музеј на Град Скопје; Нирнберг, Германија, Der Kreis Gallery
  • 2008 - Скопје, Што не е деконструкција...?, Културно информативен центар
  • 2007 - Скопје, An Apple a Day Keeps the Doctor Away, Press to exit project space
  • 2006 - Њујорк, Вид(ови), @MC Gallery#
  • 2005 - Скопје, Музеј на Град Скопје
  • 2003 - Скопје, Вид(ови), Културен центар - Точка
  • 2000 - Скопје, Отворено графичко студио

Исто така, Ботев учествувал на бројни групни изложби во земјава и во странство.

Награди[уреди | уреди извор]

  • 2012 - Награда Остен, 40 Светска галерија на цртеж - Остен
  • 2006 - Годишна награда за млад ликовен уметник Денес
  • 2006 - Награда од спонзорите на 4 Меѓународен салон на стрип Белград
  • 1996 - Годишна награда на факултетот за ликовни уметности во Скопје
  • 1996 - Награда 26 Јули од фондацијата на Франк Харкорд Манинг

Работилници, artist in residence и симпозими[уреди | уреди извор]

  • 2010 - На покана на Универзитетот од Чикаго учествува на симпозиум на тема: New Histories of Modern Art – The Eastern Europian Avant – Gardes
  • 2009 - Работилница со Јута Бауер, Гете институт, Белград
  • 2008 - Престојува во Санта Фе (Њу мексико) каде што започнува нов циклус на слики насловен Луцидно синестетички дијалог
  • 2006 - Престој во Cite International des arts, Париз
  • 2006 - YVAA (Young Visual Artist Award),ISCP (International studio&curatorial program) artist in resident, Њујорк

Публикации / биографија[уреди | уреди извор]

  • П(наводи), Отворено графичко студио, 2000 (брошура; Конча Пирковска)
  • Комбинирање на клонираното, (Форум, бр. 78, 2001, магазин; Зоран Бојаровски)
  • Телото мисли, Отворено графичко студио, 2002 (каталог; Сузана Милевска, куратор)
  • Вид(ови), Културен центар Точка, 2003 (брошура; Сузана Милевска, куратор)
  • Стрип, Томислав Османли (издавач: Култура, 2004)
  • Концептуализација на манифестното, Музеј на Град Скопје, 2005 (каталог; Александар Станковски)
  • 7Биенале на млади уметници, Музеј на современа уметност, 2005 (Големото стакло бр.19/20, 2005, списание за уметност; Ана Франговска)
  • Човекот што ги обединува спротивностите (Неделно време, бр. 356, 2005, списание; Наташа Бунтевска)
  • Кулиси на зачудноста (Форум, бр.33, 2006, магазин; Влатко Галевски)
  • Македонскиот стрип, (Арт република бр.6, 2006, списание за уметност; Владимир Величковски)
  • Мала ноќна музика (и други цртачки ониризми и лудила), Мала станица-Национална галерија, 2006 (брошура; Никола Гелевски)
  • За современиот македонски стрип (Стрипбурек, стрип списание, 2007; Иванка Апостолова)
  • За уметноста...и здравството (Утрински весник, 2007; Златко Теодосиевски)
  • Супер(х)ХЕРОС, Мала станица -Национална галерија, 2008 (каталог; Соња Абаџиева, куратор)
  • Уметноста во времето на телевизијата, билбордите и тероризмот, Културно информативен центар, 2008 (каталог, Соња Абаџиева)
  • Уметничко-политичка контроверза со ефект, (Време, 2008; Александра Бубевска)
  • Исповед низ алегории (Вест, 2008, Соња Абаџиева)
  • Што не е деконструкција?, (Дневник, 2008, Надица Смилевска)
  • Уметност со став и порака, (Нова Македонија, 2008, Владимир Величковски)
  • Ватра, Галерија Фонтикус (Хрватска), 2009 (ЦД-ром каталог; Еуген Борковски, куратор)
  • Ликовната уметност на почвата на Македонија на XX век, (Зборник на текстови; Издавач: МАНУ, 2009; Владимир Величковски)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Атанас Ботев“. Посетено на 2010-10-06.[мртва врска]
  2. „Атанас Ботев, ликовен сликар: Кулиси на зачудноста“. Посетено на 2010-10-06.[мртва врска]
  3. „Ботев и Башески изложуваат во Цетиње“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 23.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]