Атакамски скелет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Атакамски скелет, попопуларен како Ата, е скелет, или човеколики фетус[1] , долг 150 мм кој бил пронајден во напуштениот град во пустината Атакама во Чиле во 2003. година. Кога е пронајден, Ата завршил во приватна колекција во Шпанија. Скелетот го пронашол Оскар Муњоз, во близина на напуштениот храм во „градот на духовите“ популарен како Ла Норија. Муњоз подоцна го продал костурот на локален сопственик на паб за 30.000 пезоси. Потоа тој го продал на шпанскиот бизнисмен Рамон Навија-Осорио, кој е моменталниот сопственик [2].

Иако на почетокот се сменало дека костурот е постар, остатоците се стари само неколку децении. Тоа е потврдено кога е откриено дека ДНК е многу квалитета. Ата има неправилна форма на главата и му фалат две ребра. Постојат неколику хипотези за тоа што е Ата. Некои мислат дека Ата е само човечки костур. Но многумина веруваат дека тоа е многу мала веројатност поради неговата големина. Но многу научници мислат дека Ата е само дете и дека страдал од тешка форма на закржлавеност. Многу научници како и многу луѓе верувале дека Ата е всушност костур на вонземјанин но таа можност е поништена кога е откриено дека Ата во себе има човечки гени [3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Origin of 'six-inch mummy' confirmed. BBC News. 22 March 2018.
  2. „Bizarre 6-Inch Skeleton Shown to Be Human“. Архивирано од изворникот на 23. 10. 2013. конс. 22. 08. 2014. 
  3. Bryner, Jeanna (29. 4. 2013.). „Alien-Looking Skeleton Poses Medical Mystery“. Livescience. конс. 7. 5. 2013.. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]