Асуман Оздаглар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Асуман Оздаглар
Роден(а)16 декември 1974(1974-12-16)(49 г.)[1]
Националносттурски, американски[1]
ПолињаИнженер по електроника
УстановиИнститут за технологија во Масачусетс
ОбразованиеТехнички универзитет на Блискиот Исток (БА)
Технолошки институт во Масачусетс (Д-р)
Познат поEECS Department head at MIT
СопружникДарон Ачемоглу
Страница
asu.mit.edu

Асуман „Асу“ Оздаглар (родена на 16 декември 1974 година) е турски академик .[2][3]

Раниот живот[уреди | уреди извор]

Таа е родена во семејството на Исмаил Оздаглар и Захиде Оздаглар на 16 декември 1974 година.[4] Нејзиниот татко Исмаил Оздаглар бил поранешен државен министер, помеѓу 13 декември 1983 и 15 јануари 1985 година во 45-та влада на Турција,[5] каде бил осуден и затворен за злоупотреба на министерските овластувања.[6]

Кариера[уреди | уреди извор]

Таа студирала на отсекот за електротехника на Техничкиот универзитет на Блискиот Исток (METU) во Анкара и дипломирала во 1996 година. Потоа ги продолжила студиите на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) во САД и докторирала во 2003 година [7] Работела како доцент (2003), вонреден професор (2008) и професор (2012) на истиот универзитет. Нејзините истражувачки области вклучувале нелинеарна и конвексна оптимизација, теорија на игри, социјални и економски мрежи, методи за дистрибуирана оптимизација и оптимизација и контрола на мрежата.[7] Во 2017 година, таа била именувана за нов шеф на Одделот за електротехника и компјутерски науки (EECS) на МИТ. Нејзината претходничка Ананта Чандракасан за нејзе кажала : „Професорката Оздаглар е инспиративен истражувач и се појави како вистински лидер во областа на теоријата и алгоритмите за оптимизација, теоријата на игри и мрежите“. [8] Нејзината работа, исто така, придонела за проучување на адаптивната динамика на теоријата на игри и вовела алтернативни пристапи кон мрежните игри.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Асуман Оздаглар е во брак со економистот Дарон Ачемоглу .

https://asu.mit.edu/