Астреја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фаталистот Жак  
Page de garde d'une édition de L'Astrée du XVIIe siècle.jpg
АвторОноре Д'Орфе
Наслов на
оригиналот
L'Astrée
ЗемјаФранција
Јазикфранцуски
Жанр(ови)пасторален роман

Астреја (француски: L'Astrée) — пасторален роман од францускиот писател Оноре Д'Орфе, објавен во периодот 1607–1627.[1] Веројатно најзначајното книжевно дело во француската литература од 17. век, Астреја била ословена како „роман од романи“ поради обемноста (шест томови, 40 приказни на 5399 страници), но и поради успехот низ цела Европа. Била преведена на повеќе светски јазици и читана на секое судење. И денес се печати во бројни примероци, во целосна и скратена верзија. Првите три делови биле објавени во 1607, 1610 и 1619. По смртта на Д'Орфе во 1625, четвртиот дел бил довршен од Балтазар Баро, а Пјер Бојтел имал придонес во петтиот и шестиот дел,[2] кои најчесто се бројат како еден дел.

Содржината е сложена, но главната приказна е за љубовта помеѓу овчарот Селадон и селанката Астреја од француската провинција Форез во V век. Перфидните политички амбиции на другите ликови создаваат незгоди за двојката и го чинат поголемиот дел од заплетот. Дејството е често прекинувано од раскажување за минатото на ликовите, кое иако не е директно поврзано со главната приказна, служи за објаснување на околината во која тие живеат. Описот на Д'Орфе за Форез е доста детален и веродостоен на реалниот изглед. Љубовта на Селадон била опишана како чисто духовна од филозофот Шарл Фурние во неговото дело Теорија на четирите движења.[3][4] Книгата била преработена во филм од страна на режисерот Ерик Ромер, и во опера од композиторот Жерар Песон.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. See also: Arcadia, Jacopo Sannazaro
  2. The attribution to "Borstet" is a frequent mistake caused by a misprint in Lenglet Du Fresnoy's De l'usage des romans (1735).
  3. Beecher, Jonathan (1990). Charles Fourier: The Visionary and His World. University of California Press, ISBN 978-0-520-07179-7
  4. Hekma, Gert; Oosterhuis, Harry; Steakley, James D. (1995). Gay men and the sexual history of the political left. Psychology Press, ISBN 978-1-56024-724-1

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Honore d’Urfé. Louise K. Horowitz. Boston: Twayne Publishers, 1984.
  • "L'astrée or Céladon the Dinosaur." Henry T. Harvey. The French Review, Vol. 23, No. 3 (Jan., 1950), pp. 241–244.
  • Complete critical Edition : 2005-2014 : by Eglal Henein, Professor Emeritus of Tufts University. Deux visages de l'Astrée (Two Faces of L'Astrée), Digital online critical edition of the three parts of L'Astrée published by the author during his lifetime (1607, 1610, 1619, and the last complete edition revised by the author in 1621). The site also offers a modern French version of these three parts. Posthumous Part Four is being edited.
  • Astrea, Steven Rendall's English translation of Part I, with an introductory critical essay, is available in the Medieval and Renaissance Texts and Studies series (1995).