Астана арена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Астана арена
Astana Arena (inside interior).JPG
Место Астана, Казахстан
Координати 51°6′29″N 71°24′6″E / 51.10806° СГШ; 71.40167° ИГД / 51.10806; 71.40167
Отворен 3 јули 2009[1]
Сопственик Град Астана
Оператор Град Астана
Подлога Вештачка трева
Архитект Populous и Tabanlıoğlu Architects
Конструктор BuroHappold Engineering[2]
Главни изведувачи Sembol Construction[2]
Игра
ФК Астана
ФК Бајтерек
Фудбалска репрезентација на Казахстан
Гледачи 30,244[3]

Астана арена е фудбалски стадион во Астана, Казахстан. Стадионот има капацитет од 30,000 гледачи и има подвижен кров. Тој служи како национален стадион на Фудбалската репрезентација на Казахстан. Астана арена е втор најголем стадион во државата и бил изграден во периодот од 2006 до 2009 година за сума од 185 милиони долари, и официјално бил отворен на 3 јули 2009 година. На стадионот исто така своите домашни натпревари ги играат екипите на ФК Астана и ФК Бајтерек. Стадионот конкурирал да биде домаќин на натпревари од Европското првенство 2020.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Изградбата на Астана арената започнала во 2006 година. Стадионот бил дизајниран од страна на водечката спортска архитектонска компанија Populous во соработка со Tabanlioglu Architects.[2] Главен изведувач бил Sembol Construction. Стадионот бил отворен со натпреварот помеѓу Локомотив Астана и националниот тим на Казахстан под 21 година на 3 јули 2009 година. Натпреварот го судел познатиот италијански судија Пјерлуиџи Колина а почетокот на натпреварот силмболично го означил казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбајев. Во тимовите, покрај нивните играчи, биле поканети по две фудбалски „ѕвезди“: во младинскиот тим на Казахстан – грузискиот одбранбен играч Каха Казалѕе и украинскиот напаѓач Андриј Шевченко, а во Локомотив Астана – турските играчи Хасан Шаш и Хакан Шукур.

На 31 јануари 2011 година, на Астана арена било одржано свеченото отворање на Зимските азиски игри 2011.[5][6]

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Поглед од надворешна страна.

Стадионот со капацитет од 30,000 гледачи бил осмислен како голем амфитеатар со специфична и веднаш препознатлива форма гледан од далечина и од непосредна близина. Во основа составен од две структури, долниот дел со 16,000 седишта, го окружува игралиштето, додека пак горните трибини на источната и западната страна имаат капацитет од вкупно 14,000 седишта. Теренот за игра е покриен со високо квалитетна вештачка трева која ги задоволува критериумите на ФИФА и УЕФА. Тревата може да биде покриена за други настани.

Стадионот, дизајниран во елипсовидна форма, е изграден на правоаголна парцела од 232,485 метри квадратни. (330 м x 704.5 м). Дизајнот воведува иновативни решенија усвојувајќи високо технолошки принципи за оперативно управување, интеракција со животната средина и посебно со тешките климатски услови.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.worldofstadiums.com/asia/kazakhstan/astana-arena/
  2. 2,0 2,1 2,2 „Astana Arena – Kazakhstan Stadium Building“. e-architect.co.uk. March 6, 2014. конс. March 15, 2014. 
  3. „Official website“. 
  4. „Astana bidding to host UEFA matches in 2020“. TengriNews.kz. September 21, 2013. конс. March 15, 2014. 
  5. „Astana’s new stadium ready to host games“. Hurriyet.com.tr. July 7, 2009. конс. July 28, 2009. 
  6. Jena Isle (January 31, 2011). „The 7th Asian Winter Games 2011 Opening Ceremony in Astana, Kazakhstan“. BatangasToday.com. конс. March 15, 2014. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]