Аспорча Хатун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аспорча Хатун
اسپورشہ خاتون
Sultan Orhan tomb Bursa Turkey 2013 2.jpg
Погребното место на „Аспорча Хатун“ се наоѓа во рамките на турбето на Орхан I во Бурса
Сопружник Орхан I
Деца
Шехзаде Ибрахим
Фатма Хатун
Селџук Хатун
Татко Андроник II Палеолог (можно)
Роден(а) ~ 1300
Византија
Починал(а) 19 ноември 1362 (на 61–62 г.)
Бурса, Отоманско Царство
Почивалиште турбе на Орхан I во Бурса

Аспорча Хатун (околу 1300 - 1362) — втора сопруга на отоманскиот султан Орхан I и мајка на Шехзаде Ибрахим, Фатма Хатун и Селџук Хатун[1][2].

Биографија[уреди | уреди извор]

Потеклото на Аспорса Хатун е прашање на контроверзии. Според некои извори, таа била ќерка на царот Андроник III Палеолог и неговата сопруга Ана Савојска. Можно е дека таа била ќерка на царот Андроник II Палеолог[3].

Во 1316 година Орхан се оженил со принцезата, но и покрај бракот, војната продолжила со Византија[3] . По нејзиниот брак, таа го прифатила исламот и го родила Шехзаде Ибрахим, гувернер на Ескишехир кој бил егзекутиран по наредба на неговиот полубрат Мурат I, што било проследено со раѓањето на принцезите Фатма Хатун и Селџук Хатун. Ништо друго не е познато за неа, освен тоа што Осман и дал на оваа снаа неколку села, кои потоа ги посветила на своите потомци во 1323 година, правејќи го нејзиниот син нејзин егзекутор.

Таа починала во 1362 година и била погребана во гробница заедно со сопругот Орхан и Нилуфер Хатун.

Наводи[уреди | уреди извор]