Аспарух Хаџиниколов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аспарух Хаџиниколов
Роден 18 април 1909
Скопје
Починал 11 август 1980
Скопје
Националност Македонец
Занимање композитор и музички педагог

Аспарух Хаџиниколов (роден во Скопје, на 18 април 1909 – починат во Скопје, на 11 август 1980)[1] - македонски композитор и музички педагог.

Животопис[уреди | уреди извор]

Хаџиниколов е роден во Скопје на 18 април 1909 година, а музика учел во Белград. Бил наставник и хорски раководител. Од 1945 година работел во Скопје како шеф на Музичкото одделение во Министерството за просвета, раководител на ансамблот за народни игри и песни „Танец“ и директор на Средното балетско училиште. Од 1952 година до пензионирањето работел како професор на Педагошката академија.

Починал во Скопје на 11 август 1980 година.

Творештво[уреди | уреди извор]

Од неговите творби и обработки на народни песни, најпозната е хорската композиција „Аце папуџија“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1579. ISBN 978-608-203-024-1.