Аспарух Каневче
| Аспарух Каневче | |
|---|---|
| Градоначалник на Скопје | |
| На должноста 1949–1950 | |
| Претходник | Вера Ацева |
| Наследник | Наум Наумовски |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 1916
Охрид, Царство Бугарија |
| Националност | Македонец |
| Партија | КПМ |
Аспарух Каневче (Охрид, 1916 - ?) — македонски политичар. Во својот работен век извршувал бројни функции: градоначалник на Скопје, министер за електростопанство, министер за земјојделство и шумарство, член на Извршен комитет.
Животопис
[уреди | уреди извор]Каневче е роден во 1916 година во Охрид, тогаш окупиран од бугарските трупи за време на Првата светска војна. Учел во вечерното резбарско училиште во родниот град.[1] Од 1949 до 1950 година бил претседател на градскиот народен комитет (градоначалник) на Скопјe. На 1 март 1950 година ја презел функцијата министер за електростопанство во третата влада на Народна Република Македонија. Во четвртата влада од 7 јануари 1951 година ја извршувал функцијата министер за земјоделство и шумарство. Бил и член на Шестата влада (Извршен комитет) од 19 декември 1953 година до 25 април 1958 година.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Намичев, Петар (2013). „Охридскиот резбар - Димитри Јанков“ (PDF). Патримониум. 6 (11): 290.
- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 185. ISBN 978-608-203-023-4.
| ||||||||||||||||||||||||||||