Аспарух Гаврилоски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Аспарух Георгиев Гаврилоски (2 јануари 1923 во Врбјани, Охридско — 22 септември 1944 во Србица, Кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Аспарух Георгиев Гаврилоски е роден во селото Врбјани. Се занимавал со земјоделство. Во НОБ се приклучил во пролетта 1943 година. Доброволно стапува во Шестата македонска бригада. Загинува во борбите против балистите кај селото Србица на 22 септември 1944 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)