Асистивна технологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Асистивна технологија
Медицинска процедура
Апаратче за слушање
Други кодови:{{{OtherCodes}}}

Асистивна технологија — поширок термин што вклучува асистивни, адаптивни и рехабилитациони помагала за лицата со посебни потреби и исто така го вклучува процесот кој се користи во нивниот избор, лоцирање и нивното користење. Луѓето кои имаат попреченост често имаат тешкотии со самостојното вршење на активностите во дневното живеење, дури и со помош на друго лице. Како активности во секојдневното живеење се подразбираат лични  потреби како подвижност, јадење, бањање, облекување и чешлање и други. Асистивната технологија ги ублажува ефектите од попреченоста кои ја лимитираат способноста да се вршат овие активности и ја промовира поголемата независност со тоа што им овозможува да ги извршуваат дневните активности кои претходно воопшто не можеле или имале потешкотии да ги вршат самостојно. Ова е на начин што ги подобруваат или менуваат претходните методи кои им помагале да ги вршат овие активности. На пример, количка за лица со посебни потреби овозможува независна подвижност за оние кои не можат да одат или или пак асистивни направи за јадење кои им помагаат сами да јадат. Како последица од асистивната технологија, лицата со попречености ја имаат можноста за полесно секојдневно живеење, зголемување на социјализација во општеството и поголема шанса за намалување на институционалните трошоци без значително да се зголемат личните трошоци.[1]

Оштетувања на подвижноста[уреди | уреди извор]

Инвалидски колички[уреди | уреди извор]

Инвалидските колички се направи кои може да имаат рачен или електричен погон, вклучуваат систем за седење и се дизајнирани да бидат замена за нормалната подвижност која луѓето ја уживаат секојдневно.

Направи за префрлање[уреди | уреди извор]

Направите за префрлање овозможуваат пациентите со оштетена подвижност да бидат преместувани од нивните негуватели на кревет, количка, стол, во тоалет, носилка, автомобил, во базен итн. најчести се дигалките за пациенти (за вертикален пренос), клупи за пренос, носилки или конвертибилни столчиња, дигалки за пренос од седечка во стоечка позиција (за преместување од една во друга седечка позиција), душеци на дување. Зависните пациенти кои не можат да му помогнат на негувателот во преместувањето најчесто имаат потреба од дигалка за пациент, која иако е измислена во 1955 година и е во широка употреба од раните шеесетти години, сè уште се смета за последен збор во технологијата од Американската асоцијација за медицински сестри и OSHA.

Дубаци и одалки[уреди | уреди извор]

Дубаците и одалките им служат на лицата со попреченост кои им треба дополнителна поддршка за да ја одржуваат рамнотежата или стабилност додека одат.

Протетика[уреди | уреди извор]

Протетските помагала се направи кои заменуваат делови од телото кои ги нема.

Оштетувања на видот[уреди | уреди извор]

Читачи од екран[уреди | уреди извор]

Читачите од екран им помагаат на лицата со оштетен вид лесно да пристапат до електронски информации.

Во образование[уреди | уреди извор]

Во Македонија[уреди | уреди извор]

Асистивната технологија во образованието ја воведува УСАИД со проект за е-пристапно образование на здружението ,,Отворете ги прозорците", преку истражувања за потребите во оваа област, обуки на наставници и опремување на основни училишта низ територијата на државата.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Parant, Aymeric; Schiano-Lomoriello, Sandrine; Marchan, Francis (October 2017). „How would I live with a disability? Expectations of bio-psychosocial consequences and assistive technology use“. Disability and Rehabilitation. Assistive Technology. 12 (7): 681–685. doi:10.1080/17483107.2016.1218555. ISSN 1748-3115. PMID 27677931.
  2. „Проект на УСАИД за е-пристапно образование“.[мртва врска]