Асиметрични енкрипциони клучеви

Од Википедија — слободната енциклопедија

Овие алгоритми се асиметрични (постојат и симетрични), бидејќи користат еден пар на клучеви, еден за енкрипција, а друг за декрипција. Овие алгоритми дозволуваат еден клуч да биде јавен, а друг приватен, и приватниот биде задржан само на една локација, и тоа во тајност. Јавниот и приватниот клуч се во математичка релација. Откривањето на приватниот клуч е многу тешко, дури и ако се знае јавниот, бидејќи бројот на комбинации е скоро бесконечен. Она што е енкриптирано од првиот, може да се декриптира само од вториот клуч. Како споредба, еден клуч ја заклучува (“шифрира”) бравата (или катанецот), додека друг е задолжен да ја отклучи (“дешифрира”).

Аналогијата е следна: на пр. поштенското сандаче е изложено и пристапно за јавноста, т.е. неговата локација (адресата на улицата) е во суштина јавниот клуч. Секој што ја знае адресата може да појде до сандачето и да пушти порака внатре. Но, само личноста што живее таму може да го отклучи (приватен клуч) сандачето и да ја прочита пораката.

Едни од алгоритмите кои користат јавен енкрипционен клуч се RSA и DSA. Во RSA се користи модуларна аритметика за генерирање на јавен и приватен клуч. Може да се користат определени случајно генерирани аргументи за потребите на математичките операции.