Асен Богданов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Асен Богданов (во средина на сликата, означен со X), со бугарски војници, полиција и домашни бугаромани (контрачетници).

Асен Богданов ( 19081948 во Скопје)[1] ― бугарски полициски началник на Скопската област за време на бугарската окупација на Македонија - функцијата ја извршувал од 1943 до 1944 година.[2]

Во Македонија пристигнал во јануари 1943 година. Тука организирал мрежа соработници (домашни предавници) и создал специјални вооружени полициски органи - контрачети меѓу кои и одредот „Поручник Бирман“, контрачети составени од Албанци, во повеќе околии во Македонија. Во летото 1943 година ја формирал организацијата Општествена сила. Тесно соработувал со тајната германска полиција Гестапо.[2]

Судењето за злосторствата[уреди | уреди извор]

Злосторства[уреди | уреди извор]

Асен Богданов се поврзува со многу злосторства извршени ни територијата на Македонија. Неговото име е поврзано и со Ваташкиот масакр. После неговото пристигнување во Ваташа на средба со Љубен Апостолов, бил направен список за апсење на Ваташките младинци.[3] Контрачетите кои тој ги командувал учестувале во обезгалвувањето на тинејџерката Невена Георгиева-Дуња, убиството на Трајче Петкановски, за чие убиство Богданов ја издал наредба бр.1198 од 20 август 1943 година со која пофалува и наградува двајцата извршители-контрачетници, нападот на партизанскиот одред од Прилеп, напад на партизаните учесници во Февруарскиот поход и други слични настани.[1]

Судење и смрт[уреди | уреди извор]

По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година, станал директор на полицијата во Софија. Бугарија пробала да го осптруира неговото предавање на македонските власти, но сепак во мај 1948 година бил притворен и предаден на македонските власти и во јавниот судски процес во Скопје, ноември 1948 година бил осуден на смрт[2] и бил стрелан заедно со Димитар Раев и Борис Жуглов.[3]

Во весникот Нова Македонија од ноември, 1944 година, направен е осврт врз признанијата на Богданов кои се однесуваат на Бугарската окупација и насилното вродување на бугарски карактер на македонскиот народ. Асен Богданов, признава дека во Македонија немало бугарски елемент:[4][5]

Пред да дојдам во Македонија имав впечаток дека овде, навистина, постои бугарски елемент. Со години нам ни беше всадувана идејата дека Македонија и припаѓа на Бугарија, дека македонскиот народ е бугарски, и дека тука било Бугарско Царство. Изненадувањето беше огромно. Можев да констатирам дека како бугарски елемент се чувствуваа само неколку богати луѓе, кои се беа доближиле до бугарската власт, интелектуалци кои се броеја на рака, а кои и припаѓаа на организацијата на нашиот (бугарскиот) народ. Сите останати се чувствуваа како Македонци.

Кој ги организираше специјалните служби за бугаризирање на македонскиот народ? Овие служби се организирни со решение на Министерскиот совет, а беа раководени директно од Министерството за внатрешни работи.

Што се бараше од лицата кои беа испратени да работат во бугарскиот окупаторски административен и полициски апарат во Македонија? Од нив се бараше да бидат задоени со идејата за бугаризација на македонскиот народ, и за задржување на овој крај (Македонија) по секоја цена, под Бугарија.

Дали тие ја оправдаа довербата? Да. Како? Со борбата којашто ја водеа и безусловната примена на мерките на бугарската влада – терор, ликвидација, погубување, палења итн.

Кој всушност, го вршеше тоа – војската или полицијата? Заедно.

Како се убивани Македонците? Имаше стрелања, имаше случаи на претепување, а и фрлања во Вардар.

—Асен Богданов

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 ИСТОРИЈА / Journal of HISTORY, бр. 1, 2019 - Контрачетниците во Велешко (PDF). Скопје: ИНИ. 2019. стр. 57. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 д-р Стојан Киселиновски и д-р (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 80. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  3. 3,0 3,1 НМ (2019-06-17). „Бугарија да се извини за масакрот во Ваташа“. Нова Македонија.
  4. Судењата како последен пораз. Тетово: Центар за информирање и издавачка дејност - Полог. 1979 (второ издание). На |first= му недостасува |last= (help); Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  5. Пулс24, Напишано од (2016-03-12). „Како се БУГАРИЗИРАШЕ македонија во втората светска војна“. Пулс24.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]