Архитектура на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Манастирот Свети Наум, еден од многуте градби во византиски стил
Порта Македонија во Скопје

Под поимот Архитектура на Македонија се подразбира архитектурата која содржи секакви градби и споменици од културно, историско и религиозно наследство на денешната територија на Република Македонија.

Повеќе групи на луѓе кои престојувале или владееле со Македонија, оставиле свое влијание и траги во многу нешта; еден од најзначајните е, секако, архитектурата. Овие групи на луѓе ги вклучуваат Пајонците, Илирите, Античките Македонци, Античките Римјани, Византијците, Словените и Отоманците.

Староградска архитектура[уреди | уреди извор]

Архитектурата во Крушево[уреди | уреди извор]

Посебно обележје на Крушева е староградската архитектура. Притоа, крушевската куќа е симбиоза на влашката (епирската) и мијачката (галичката) архитектура. Еден од ретките описи на крушевската архитектура е даден во спомените на Никола Киров - Мајски, кој ги споменува познатите куќи на Ничотовци и на поп Костадин Стариот. Според неговиот опис, куќата на Ничотовци била изградена на три ката, изработена од делкани гранитни плочи донесени од Прилеп, а имала дури 60 простории. Таа се одликувала со високи дивани, еркерни балкони, а вратите, таваните, масандрите и долапите биле направени од буково и од ореово дрво. На најдолниот кат се чувала зимницата, а во дворот имало мермерна чешма. За нејзината градба биле потрошени дури 1.000 златни турски лири, што во тоа време било голема сума пари. Во поново време, во Крушево се истакнувале куќите на Нешковци (позната како „Куќата на пашите“), Фундовци, Таховци итн., но голем дел од нив биле уништени при задушувањето на Илинденското востание. Куќата на Нешковци, соѕидана со врела вар, е препознатлива по високите тавани (3,7 метри) и броните прозорци (дури 24 на предната страна).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Александар Матески, „Традиционална крушевска куќа“, Економија и бизнис, година 19, број 227, мај 2017, стр. 106-107.