Архитектонски проект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Архитектонски проект - техничка документација, збир од графички и текстуални прилози потребни за изградба на еден објект. Него го изработува архитект и претставува опис на архитектонскиот концепт на просторно функционалното решение, опис на проектираните простори, со нивните функционални капацитети и површини и опис на материјалите и архитектонските елементи.

Стандардни прилози коишто се користат во архитектонското проектирање[уреди | уреди извор]

Ситуација[уреди | уреди извор]

Предна фасада на Пантеонот во Париз

Ситуацијата го покажува целиот контекст на градење или група на објекти. Ги прикажува границите на парцелите и начините за пристап до локацијата, и околните објекти ако се релевантни за проектот. За градба на урбанистичка парцела, ситуацијата треба да ги содржи пристапните улици за да прикаже како проектот се вклопува во урбаното ткаење. Во рамките на локацијата, ситуацијата дава преглед на целиот опфат. Таа прикажува на веќе постоечките објекти (ако ги има) и оние кои се предложени; патишта, паркинзи, патеки, паретерно уредување, дрвја и садници. Во основниот проект, ситуацијата исто така треба да ги прикаже сите инсталации: канализациони цевки, снабдување со вода, електрични и комуникациски кабли, надворешно осветлување итн.

Основа[уреди | уреди извор]

Основата е главниот архитектонски дијаграм, поглед од горе кој го прикажува распоредот на просторот на одредено ниво во зградата на ист начин како мапа. Технички тоа е хоризонтален пресек низ објектот (конвенционално на еден метар и дваесет сантиметри над нивото на подот), ги прикажува ѕидовите, прозорците и вратите, отворите и други карактеристични елементи на тоа ниво. Приказ на основата вклучува нешто што може да се види под тоа ниво: на подот, скали и мебел. Објекти над нивото што ги прикажува основата (на пр. греди) може да се прикажат со испрекинати линии.

Изгледи[уреди | уреди извор]

Изглед е поглед на објект од една страна, рамна престстава на една фасада. Ова е вообичаениот начин за приказ на надворешниот изглед на објектот. Секој изглед е означен според страната на светот кој којашто е свртен, пр. свртен кон север е северниот изглед на објектот. Еден објект е ретко едноставна правоаголна форма во основа, па типичен изглед ги прикажува сите делови од објектот што можат да се видат од една конкретна страна.

Геометриски, изгледот е хоризонтална ортографска проекција на зграда на вертикална рамнина, каде што вертикалната рамнина е паралелна со една страна од објектот.

Архитектите, исто така, го користат зборот фасада како синоним за изглед, па северна фасада е буквално надворешниот ѕид од објектот што е свртен кон север.

Пресек на Обсерваториумот во Потсдам

Пресеци[уреди | уреди извор]

Пресек претставува вертикална рамнина која го сече објектот, на ист начин како што основата е хоризонтален пресек погледнат од горе. Во пресекот, се што е пресечено од рамнината е прикажано со дебела линија, честопати со полна шрафура за да прикаже елементи низ коишто е пресечено, а се што е се гледа понатаму е прикажано со потенка линија. Пресеците се користат за да го опишат односот помеѓу различните нивоа на објектот. Деловите се користи за да се опише односот меѓу различни нивоа на зградата. Во цртежот од Обсерваториумот прикажан тука, пресекот прикажува купола која може да се види од надвор, втора купола што може да се види само во внатрешноста на зградата, и начинот  на кој во просторот помеѓу двете куполи е сместен голем астрономски телескоп: односи, кои би било тешко да се забележат само од основите.

Видови[уреди | уреди извор]

Идеен проект[уреди | уреди извор]

Идеен архитектонски проект е првата фаза од архитектонското проектирање. Тој содржи геометриски проекции, димензии и спецификација на сите архитектонски елементи од кои се состои градбата, кои се потребни за потврдување на усогласеноста на идејниот проект со потребите на инвеститорот и условите за градење.[1]

Основен проект[уреди | уреди извор]

Основниот проект е техничка документација од повеќе инженерски области, во зависност од видот и намената на градбата, потребна за добивање на одобрение за градење на еден објект.

Архитектонскиот проект како дел од основниот проект претставува детален и специфичен опис на сите архитектонски елементи. Покрај текстуалниот дел (техничкиот опис и предмер), содржи и детални цртежи од градежната парцела, нејзината околина, автомобилските и пешачките сообраќајни површини, зеленилото и обработката на партерот, коти на сите димензии и растојанија битни за поставеноста на градбата во однос на регулационата и градежната линија, границите на градежната парцела и соседите, детални основи на сите подземни и надземни катови од градбата, со основа на покрив (петта фасада) со точни површини на сите простории и опис на подните и ѕидните слоеви, сите карактеристични меѓусебе различни вертикални пресеци во два меѓусебно нормални правци (попречен и подолжен) со описи и димензии на сите карактеристични архитектонски елементи - ѕидови, тавани, подови, покриви, фасадни слоеви и др., сите фасадни изгледи, детали во хоризонтален и вертикалн пресек на сите архитектонски елементи и спојки, шема на столарија и браварија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Правилник за дополнување на правилникот за содржината на проектите, означувањето на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи“. 13 мај 2013. https://www.gradezna-dozvola.mk/Documents/%D0%9F%D0%A0%D0%90%D0%92%D0%98%D0%9B%D0%9D%D0%98%D0%9A%20%D0%97%D0%90%20%D0%94%D0%9E%D0%9F%D0%9E%D0%9B%D0%9D%D0%A3%D0%92%D0%90%D0%8A%D0%95%20%D0%9D%D0%90%20%D0%9F%D0%A0%D0%90%D0%92%D0%98%D0%9B%D0%9D%D0%98%D0%9A%D0%9E%D0%A2%20%D0%97%D0%90%20%D0%A1%D0%9E%D0%94%D0%A0%D0%96%D0%98%D0%9D%D0%90%D0%A2%D0%90%20%D0%9D%D0%90%20%D0%9F%D0%A0%D0%9E%D0%95%D0%9A%D0%A2%D0%98%D0%A2%D0%95%20%D0%9E%D0%97%D0%9D%D0%90%D0%A7%D0%A3%D0%92%D0%90%D0%8A%D0%95%D0%A2%D0%9E%20%D0%9D%D0%90%20%D0%9F%D0%A0%D0%9E%D0%95%D0%9A%D0%A2%D0%9E%D0%A2%20%D0%9D%D0%90%D0%A7%D0%98%D0%9D%D0%9E%D0%A2%20%D0%9D%D0%90%20%D0%97%D0%90%D0%92%D0%95%D0%A0%D0%9A%D0%90%20%D0%9D%D0%90%20%D0%9F%D0%A0%D0%9E%D0%95%D0%9A%D0%A2%D0%9E%D0%A2.pdf. 
  2. „Правилник за содржината на проектите, означувањето на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи“. 25 февруари 2011. https://www.gradezna-dozvola.mk/Documents/%D0%9F%D0%A0%D0%90%D0%92%D0%98%D0%9B%D0%9D%D0%98%D0%9A%20%D0%97%D0%90%20%D0%A1%D0%9E%D0%94%D0%A0%D0%96%D0%98%D0%9D%D0%90%D0%A2%D0%90%20%D0%9D%D0%90%20%D0%9F%D0%A0%D0%9E%D0%95%D0%9A%D0%A2%D0%98%D0%A2%D0%95%20%D0%9E%D0%97%D0%9D%D0%90%D0%A7%D0%A3%D0%92%D0%90%D0%8A%D0%95%D0%A2%D0%9E%20%D0%9D%D0%90%20%D0%9F%D0%A0%D0%9E%D0%95%D0%9A%D0%A2%D0%9E%D0%A2%20%D0%9D%D0%90%D0%A7%D0%98%D0%9D%D0%9E%D0%A2%20%D0%9D%D0%90%20%D0%97%D0%90%D0%92%D0%95%D0%A0%D0%9A%D0%90%20%D0%9D%D0%90%20%D0%9F%D0%A0%D0%9E%D0%95%D0%9A%D0%A2%D0%9E%D0%A2%20%D0%9E%D0%94%20%D0%A1%D0%A2%D0%A0%D0%90%D0%9D%D0%90%20%D0%9D%D0%90%20%D0%9E%D0%94%D0%93%D0%9E%D0%92%D0%9E%D0%A0%D0%9D%D0%98%D0%A2%D0%95%20%D0%9B%D0%98%D0%A6%D0%90.pdf.