Архимандрит Нектариј
| Црква | МПЦ-ОА |
|---|---|
| Епархија | Дебарско-кичевска епархија |
| Ракоположен | 1991 |
| Службата завршила | во служба |
| Лични податоци | |
| Роден | 18 октомври 1960
Селце (Прилепско), Македонија |
| Вероисповед | православие |
| Занимање | Игумен на манастирот „Св. Наум“ |
Архимандрит Нектариј (Мендо Најдоски) (18 октомври 1960 , Селце (Прилепско)) — архијереј на Македонската православна црква, игумен на манастирот „Свети Наум“.[1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Архимандритот Нектариј е роден во село Селце, Прилепско во 1960 година. Крстеното име му било Мендо Најдоски. Завршил Богословија и Богословски факултет во Скопје.
Бил замонашен на 16 декември 1982 година во манастирот „Св. Илија“ – Чардак, а од 1981 до 1985 година престојувал и во манастирот „Св. Петка“ во Цапари. Од 1985 до 1987 година бил главен воспитувач во Македонската православна богословија во Драчево и професор од 1987 до 1990 година. Во 1990 година станал првиот монах во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид и негов прв игумен. Во 1993 станал архијереј на МПЦ нехиротонисан (според негова волја).
Значајни се неговите преводи на богослужби од црковнословенски јазик.[2]
Награди
[уреди | уреди извор]- 2015 - Орден „Свети Наум Охридски“
- 2022 - општинска награда на Охрид – патрон на градот „Свети Климент Охридски“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Манастир „Свети Наум"“. Дебарско-кичевска епархиј. 9.02.2015. Посетено на 1 март 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=(help) - 1 2 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1043. ISBN 978-608-203-024-1.

