Архивска зграда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Архивска зграда е објект или пак тоа се повеќе објекти, што според локациската, градежно-архитектонскаа и др. пропишани норми ги задоволува основните архивистички стандарди и норми, за да може успешно да се извршува основната дејност на архивот, а тоа е преземање, чување, зашттита, средување, обработка и користење на архивската граѓа.

Архивската зграда треба да исполнува одредени услови, што се однесуваат на:

  • Видот на архивот
  • Територијалната надлежност на која архивот ја врши својата дејност
  • Вкупниот бр. на иматели на архивска граѓа (приоритетни и неприоритетни).
  • Количината на документиран материјал и архивска граѓа, што се создава кај имателите на архивска граѓа
  • Фреквенција на корисници на архивска граѓа.

Додека пак, објектот треба да исполнува основни стандарди:

  • Соодветна локација, урбанистичко – технички услови и можност за доградба или надградба на објектот.
  • Функционална намена на просториите ( депоа, библиотека, читална, сала за состаноци, сала за изложби и сл.) и
  • Техничка опременост на архивот.


Наводи[уреди | уреди извор]