Архангел 2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Архангел 2“ — музички албум на истоимената македонска рок-група, првобитно објавен во 1993 година од музичката и касетната продукција на МРТ. Во 2000 година, албумот бил повторно издаден од скопската издавачка куќа „Litium Records“.

Песни[уреди | уреди извор]

Албумот ги содржи следниве песни:[1] [2]

  1. Сениште (3:33)
  2. Драги мој (3:25)
  3. Војна (3:36)
  4. Дно (2:55)
  5. Чудесен свет (3:15)
  6. Човек без име и презиме (2:20)
  7. 1 000 светла (3:00)
  8. Зборови волшебни (3:13)
  9. 1.000.000 $ (2:47)
  10. Разговор без смисла (3:00)

Автор на сите песни на албумот е Ристо Вртев, освен „Дно“ и „Човек без име и презиме“ (Вртев и Петар Јанков), „Чудесен свет“ (музиката на Black) и „Зборови волшебни“ (текстот на Борис Пастернак). Албумот бил снимен во студиото „М2“ на МРТ во 1993 година; продуцент бил Трајче Органџиев, инженер на звукот бил Брацо Зафировски, а мастерот го направил Никола Димушевски. Автор на идејното решение на обвивката од првобитното издание на албумот е Стив Наумовски, додека автор на обвивката на изданието на „Litium Records“ е Златко Трајковски.[3] [4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Архангел, Архангел 2. Litium Records 002, 2000.
  2. Архангел, Архангел 2. Македонска радио-телевизија, ДЕ Музичка и касетна продукција, МП 22081, 1993.
  3. Архангел, Архангел 1. Litium Records 002, 2000.
  4. Архангел, Архангел 2. Македонска радио-телевизија, ДЕ Музичка и касетна продукција, МП 22081, 1993.