Архангел

Архангел (старогрчки: Ἀρχάγγελος) — во христијанското вероучение, една од највисоките категории (редови) на ангели.[1][2] Во системот на ангелска хиерархија на Псевдо-Дионисиј Ареопагит, тоа е осмиот од деветте ангелски реда. Во канонските книги на Библијата, само Михаил непосредно се нарекува архангел (Јуда 1:9), но според црковната традиција има седум архангели.
Во Православната црква се спомнуваат седум архангели: Михаил, Гаврил, Рафаил, Урил, Салатил, Јегудил и Варахил. Познати се и: Еремил, Сихаил, Задкил, Јофил.[3]
Опис
[уреди | уреди извор]Зборот „архангел“ во Библијата за првпат се појавува во Третата книга на Ездра (4:36), каде што така се нарекува ангелот Еремил. Потоа, ова име било усвоено и од авторите на Новиот завет (Јуда 1:9; 1. Сол. 4:16) и христијанската книжевност.
Во канонските книги на Библијата, само Михаил непосредно се споменува како архангел, но според второканонските книги на Библијата и црковните преданија и легенди има неколку архангели. Според второканонската Книга на Товит (12:15), има седум свети ангели што ги принесуваат молитвите на светците и се вознесуваат пред славата Господова.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Архангел“ на Ризницата ? |