Аруна Коне
Аруна Коне | |||
---|---|---|---|
| |||
Лични податоци | |||
Роден на | 30 август 1983 | ||
Роден во | Анијама, Брег на Слоновата Коска | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | м | 1,83||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Повлекување | 1 јануари 2023 (39 г.) | ||
Младинска кариера | |||
![]() | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2001–2002 |
![]() | 38 | (17) |
2002–2003 |
![]() | 32 | (11) |
2003–2005 |
![]() | 63 | (27) |
2005–2007 |
![]() | 53 | (21) |
2007–2012 |
![]() | 40 | (1) |
2010 |
→![]() | 8 | (2) |
2011–2012 |
→![]() | 34 | (15) |
2012–2013 |
![]() | 34 | (11) |
2013–2017 |
![]() | 47 | (6) |
2017–2022 |
![]() | 109 | (32) |
2022–2023 |
![]() | ? | (?) |
Репрезентација ‡ | |||
2004–2013 |
![]() | 39 | (9) |
* Ажурирано на: 1 јули 2017 ** Ажурирано на: 1 јули 2017 |
Аруна Коне (роден 11 ноември 1983) — поранешен фудбалер од Брегот на Слоновата Коска, кој играл на позицијата напаѓач.
Кариера
[уреди | уреди извор]Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Коне ја започнал својата кариера во екипата на Рио Спорт во татковината, пред да се пресели во својот прв клуб во Европа, белгискиот Лирс во 2002 година.
Своето име го направил играјќи во холандската Ередивиси, играјќи за екипите на Рода и на ПСВ Ајндховен во кој поминал неполни 4 години од својата кариера и постигнал повеќе од 50 голови за овие два клуба. Исто така, тој освоил две титули со ПСВ во холандското првенство во сезоните 2005-2006 и 2006-2007.
Добрите игри во Холандија му донеле можност да направи трансфер во уште посилна лига, како што била шпанската Примера Дивисион, потпишувајќи за екипата на Севиља во 2007 година. Сепак, додека бил во Севиља воедно минал и низ неговиот најслаб период во кариерата, играјќи многу ретко како резултат на многубројните повреди. Својот прв гол за андалусијскиот тим го постигнал на 25 септември 2007 година против Еспањол, што останал и негов единствен за клубот во 40-те првенствени настапи.
Додека бил под договор со Севиља, тој бил испратен и на две позајмици: најпрвин во 2010 година, поминал една полусезона играјќи во Бундеслигата за Хановер 96, а потоа одиграл одлична сезона на заем во екипата на Леванте каде постигнал 15 погодоци на 34 првенствени натпревари во Примера Дивисион 2011-2012.
Во летото 2012 година, Коне конечно ја напуштил Севиља за стално и се преселил во Премиерлигата на Англија каде потпишал за Виган Атлетик, кој за неговите услуги платил 3.5 милиони евра. Своето деби за Латикс го направил во натпреварот од првото коло од Премиер лигата за сезоната 2012-2013, на 19 август против Челси, влегувајќи од клупата за резерви во 67-мата минута на местото на Франко Ди Санто. Една недела подоцна, на 25 август 2012, Коне бил стартер во натпреварот од второто коло против Саутхемптон каде го постигнал и својот прв погодок за новиот клуб во 89-тата минута заверувајќи ја победата на Виган од 2-0. Тој го постигнал својот втор гол на 22 септември, во поразот на домашен терен со 2-1 од составот на Фулам. Својата единствена сезона во Виган Атлетик ја завршил со 11 погодоци во 33 настапи во Премиер лигата, но додал уште два гола во сензационално-победничката кампања на Латикс во ФА Купот.
На 8 јули 2013 година, Коне му се приклучил на Евертон потпишувајќи три годишен договор со карамелите.[1] Дебитирал на 17 август, влегувајќи како замена во ремито 2-2 против Норич Сити.[2] Неговата прва сезона во клубот се завршила на најлошиот можен начин, откако претпел тешка повреда на коленото уште во октомври која го принудила да го пропуштил остатокот од сезоната, завршувајќи ја истата со само 6 одиграни натпревари.[3] Тој се вратил во акција дури во декември 2014 година, кога и го постигнал првиот гол во дресот на Евертон во поразот со 3-2 од Њукасл Јунајтед. Неговата најдобра сезона во Евертон била 2015-2016, кога во 31 настап постигнал 7 гола.
Во летото 2017, Коне како слободен играч потпишал за турскиот клуб Сиваспор.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]На репрезентативана сцена Коне ја претставувал селекцијата на Брегот на Слоновата Коска на Светското првенство 2006 година и на два Африкански куп на нации турнири.
Титули
[уреди | уреди извор]
ПСВ Ајндховен
[уреди | уреди извор]- 2005-2006, 2006-2007
Виган Атлетик
[уреди | уреди извор]- ФА Куп : 1
- 2012-2013
Сиваспор
[уреди | уреди извор]- Куп на Турција : 1
- 2021-2022
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Arouna Kone: Everton sign Ivory Coast striker from Wigan Athletic“. BBC Sport. 8 July 2013. Посетено на 8 July 2013.
- ↑ „Norwich 2–2 Everton“. BBC Sport. 17 August 2013. Посетено на 17 August 2013.
- ↑ „Everton striker Arouna Kone out for 'long spell' says club“. BBC Sport. Посетено на 26 May 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Levante official profile Архивирано на 2 април 2012 г. (шпански)
- Stats at Voetbal International (холандски)
- BDFutbol profile
- Аруна Коне – Профил на службената страница на ФИФА
- Transfermarkt профил
- профил на Аруна Коне на soccerway