Артјомс Рудневс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Латвија Артјомс Рудневс
Artjoms Rudņevs.JPG
Лични податоци
Роден на 13 јануари 1988 (1988-01-13) (31 г.)
Роден во Даугавпилс, Латвија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Хамбургер Хамбургер
Број 16
Младинска кариера
Даугава
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005–2008 Даугава 75 (21)
2009–2010 Залаегерсцег 30 (20)
2010-2012 Лех Познањ Лех Познањ 56 (33)
2012– Хамбургер Хамбургер 56 (13)
2014Хановер 96 Хановер 96 16 (4)
Репрезентација
2008- Латвија Латвија 26 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 13 мај 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 1 јули 2012

Артјомс Рудневс (роден на 13 јануари 1988 година во Даугавпилс) е латвиски фудбалер, кој во моментов игра како напаѓач во германската Бундеслига за Хамбургер.

Кариера[уреди | уреди извор]

Рудневс е роден во Даугавпилс и ја започнал својата кариера во локалниот клуб Даугава. Во февруари 2009 година тој ја напуштил Латвија и се сели во унгарскиот клуб Залаегерсцег. Во текот на сезоната 2009-10 Рудневс постигнал 16 голови и бил втор стрелец во лигата зад србинот Немања Николиќ кој имал 2 повеќе од него. По добрите игри во Унгарија преоѓа во полскиот шампион, тимот на Лех од Познањ за сума од нешто преку половина милион €. На 16 септември 2010 година Рудневс го одиграл натпреварот на својата кариера дотогаш откако успеал да постигне хет-трик на гостувањето кај италијанскиот Јувентус во натпревар од Лигата на Европа што завршил 3-3. Откако сезоната 2011-2012 ја заврши како топ-реализатор во полската Екстракласа со 22 гола, Рудневс го напуштил Лех и потпишал за германскиот Бундеслигаш Хамбургер.

Во својата прва сезона во Бундеслигата со Хамбургер, тој постигнал 12 гола со што бил најдобар стрелец на својот тим со 12 голови колку што имал и Јужно Кореецот Сон Хеунг-Мин. Следната сезона тој го загубил местото во стартната постава и одиграл само 6 натпревари во есенскиот дел од шампионатот.

На 10 јануари 2014, Рудневс се согласил да премине во редовите на Хановер 96 на заем до крајот на сезоната.[1] Веќе на своето деби за клубот на 25 јануари, тој го постигнал својот прв гол за 96-ките, помагајќи им да стигнат до победа против локалните ривали Волфсбург со 3-1 во гости.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Рудневс го направил своето деби за репрезентацијата на Латвија на 12 ноември 2008, во натпревар против Естонија. Својот прв репрзентативен погодок го постигнал на 7 октомври 2011, во победата против Малта со 2-0.

Титули[уреди | уреди извор]

Латвија Даугава[уреди | уреди извор]

Унгарија Залаегерсцег[уреди | уреди извор]

Полска Лен Познањ[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]