Артур Гергеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Артур Гергеј

Артур Горгеј е роден 30 јануари 1818, а починал 21 мај 1916. Тој бил унгарски воен лидер познат по тоа што бил еден од најголемите генерали на Унгарската револуционерна армија .

Во младоста, Горгеј бил многу талентиран хемичар, а неговата работа во областа на хемијата била забележана од многу реномирани унгарски и европски хемичари. Но сепак тој е пошироко познат по неговата улога во Унгарската револуција и војна за независност од 1848-1849 година каде што тој исто така служел како министер за војна , а во последните денови на револуцијата, пред да им се предаде на Русите во Вилагос , тој бил диктаторот на Унгарија.

Врските и конфликтите на Горгеј со Лајос Косут , најистакнатиот политичар и гувернер на Унгарија, влијаеле на текот на војната за независност и неговата воена кариера, но исто така и на неговиот постреволуционерен живот до неговата смрт. Писмото на Косут од Видин, напишано после револуцијата, предизвикало долготрајна омраза за Горгеј меѓу Унгарците, од кои многумина верувале дека тој е предавник. Во 20 век, оваа карактеризација беше предизвикана од современите истражувања. Како резултат на тоа, репутацијата на Горгеј како еден од најталентираните и успешни унгарски генерали на 19-ти век во голема мера била обновена.

Потписот на Артур Горгеј
Статуа на Артур Горгеј

Почеток на една ветувачка кариера во хемијата[уреди | уреди извор]

Во 1845 година, по смртта на неговиот татко,Горгеј среќнп ја напуштил војската. чувствувајќи дека воениот живот не му одговара и решил да биде студент по хемија на Универзитетот во Прага .

Неговите дела во хемијата од овој период се достојни за внимание. Исто така тој направил истражуање за кокосово масло откривајќи го присуството на деканоична киселина и лауринска киселина .

Статија на Гергеј во врска со хемијата Хајделберг, 1848

Тој го започнал своето истражување во пролетта 1847 година во Прага, но ги завршил експериментите дома во Топорц, испраќајќи ги резултатите на Кралската академија во Виена на 21 Мај 1848 година. Неговиот метод за одделување на хомолозите на масни киселини не бил традиционалниот начин на користење фракционална дестилација , туку се користела растворливоста на бариумските соли. Неговото истражување може да се сумира на следниов начин:

  • Тој открил присуство на лауринска киселина (C12) и деканонска киселина (C10) во кокосово масло.
  • Тој произведувал лауричен етил етер .
  • Тој утврдил некои физички својства на дестилација на лауриум киселиот бариум.
  • Тој открил дека, во кокосовото масло, удецикличната киселина (C11) имало мешавина од лаурици и деканоични киселини.

По поразот на револуцијата[уреди | уреди извор]

Горгеј ги прашал Русите за милост кон своите офицери и неговите војници, велејќи дека дури и ако сакаат некој да се обеси, тогаш тој ќе го прифати тоа за себе, но во замена сакал неговите генерали да бидат поштедени, што Паскевич и царот ги прифатиле и направиле, барајќи прошка за Горгеј и неговите луѓе, но првично Австријците одбиле да ги исполнат желбите на своите сојузници. По некое време тие прифатиле дека Горгеј нема да биде погубен, а ќе биде задржан во затвор во Клагенфурт , но тие не ги помилувале своите генерали , кои биле погубени на 6 Октомври 1849 во Арад. Поради егзекутирање на неговите 13 генерали, Горгеј беше обвинет за предавство и за нивната смртт.

Таму живеел, главно вработен во хемиска работа, сè до Австро-унгарскиот компромис од 1867 година , кога му билп простено и бил вратен во Унгарија.

Фотографија на Горгеј со неговиот син
Горгеј во старост

Извори[уреди | уреди извор]

  • Bánlaky, József (2001). A magyar nemzet hadtörténelme (The Military History of the Hungarian Nation) (унгарски). Budapest: Arcanum Adatbázis.
  • Bóna, Gábor (1987). Tábornokok és törzstisztek a szabadságharcban 1848–49 ("Generals and Staff Officers in the War of Freedom 1848–1849") (унгарски). Budapest: Zrínyi Katonai Kiadó. стр. 430. ISBN 963-326-343-3.
  • Csikány, Tamás (2015). A szabadságharc hadművészete 1848–49 ("The Art of Warfare in the War of Independence of 1848–1849") (унгарски). Budapest: Zrínyi Katonai Kiadó. стр. 380. ISBN 978-963-327-647-1.
  • Görgey, Artúr (2004). Életem és működésem Magyarországon 1848-ban és 1849-ben- Görgey István fordítását átdolgozta, a bevezetőt és a jegyzeteket írta Katona Tamás (My Life and Activity in Hungary in 1848 and in 1849). István Görgey's translation was revised by Tamás Katona, and also he wrote the Introduction and the Notes. Neumann Kht.
  • Görgey, István (1916). Görgey Arthur ifjúsága és fejlődése a forradalomig ("The Youth and Development of Arthur Görgey until the revolution) (унгарски). Budapest: A Hungarian Academy od Sciences pulication. стр. 462.
  • Hentaller, Lajos (1889). Görgey mint politikus ("Görgey as a Politician") (унгарски). Budapest: Hornyánszky Viktor Kőnyomdája. стр. 224.
  • Hermann, Róbert (2013). Nagy csaták. 16. A magyar függetlenségi háború ("Great Battles. 16. The Hungarian Freedom War") (унгарски). Budapest: Duna Könyvklub. стр. 88. ISBN 978-615-5129-00-1.
  • Hermann, Róbert, уред. (1996). Az 1848–1849 évi forradalom és szabadságharc története ("The history of the Hungarian Revolution and War of Independence of 1848–1849) (унгарски). Budapest: Videopont. стр. 464. ISBN 963-8218-20-7.
  • Hermann, Róbert (1999), „Görgei Artúr a hadvezér (Artúr Görgei the Military Leader.)“ (PDF), Hadtörténelmi Közlemények. 112. (1999) 1.
  • Hermann, Róbert (2001). Az 1848–1849-es szabadságharc hadtörténete ("Military History of the Hungarian Revolution of 1848–1849") (унгарски). Budapest: Korona Kiadó. стр. 424. ISBN 963-9376-21-3.
  • Hermann, Róbert (2002), „Kossuth és Görgei (Kossuth and Görgei.)“, Korunk. 2002 September
  • Hermann, Róbert (2004). Az 1848–1849-es szabadságharc nagy csatái ("Great battles of the Hungarian Revolution of 1848–1849") (унгарски). Budapest: Zrínyi. стр. 408. ISBN 963-327-367-6.
  • Móra, László (2004), „Katonai sikereit elősegítették kémiai tanulmányai 175 éve született Görgey Artúr (His Military Successes Were Facilitated by his Studies in Chemistry. Artúr Görgey Was Born 175 Years Ago)“, Ponticulus Hungaricus 2004 VII/11
  • Pethő, Sándor (1934). Görgey Artur (унгарски). Budapest: Genius. стр. 518.
  • Pusztaszeri, László (1984). Görgey Artúr a szabadságharcban ("Artúr Görgey in the War of Independence") (унгарски). Budapest: Magvető Könyvkiadó. стр. 784. ISBN 963-14-0194-4.
  • Riedel, Miklós (2016), „Görgey a vegyész-tábornok (Görgey the Chemist-General.)“ (PDF), Magyar Kémikusok Lapja. LXXI. (2016) 12.
  • Szentgyörgyi, István (2004), „A kémikus Görgey (Görgey the Chemist)“, Ponticulus Hungaricus 2004 VIII/11
  • Vesztróczy, Zsolt (2016), „Száz éve hunyt el Görgei Artúr. A magyar Napóleon vagy a "nemzet Júdása"? (Artúr Görgei Died 100 Years Ago. The Hungarian Napoleon, or the Judas of the Nation?)“, Új Szó online. 21 May 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]