Артур Арну
| Артур Арну Arthur Arnould | |
|---|---|
Артур Арну во 1871 година | |
| Роден/а | 17 април 1896 Диез, Франција |
| Починат/а | 26 ноември 1895 (возр. 62) Париз, Франција |
| Занимање | писател и новинар |
| Националност | француска |
| Период | XIX век |
Артур Арну (француски: Arthur Arnould), (Диез, 17 април 1833 – Париз, 26 ноември 1895 ) – француски писател и опозициски новинар. Активен учесник во Париската комуна и член на Првата интернационала[1].
Животопис
[уреди | уреди извор]Татко му бил приватен професор. После кратка административна кариера, Артур Арну, станал опозициски новинар во Второто Царство.
По прогласувањето на републиката, на 4 септември 1870 година, назначен е за помошник градоначалник на 4 арондисман. На 26 март 1871 година избран е во Советот на комуната од 4 и 7 арондисман. Најпрво е член на Комисијата за надворешни односи, потоа на Комисијата за работа (6 април), потоа на Комисијата за замени (21 април) и на крајот на Комисијата за образование (4 мај). На 1 мај задолжен е за „Службениот весник“ на комуната. Како прудонист и анархист, Арну му припаѓа на малцинството во сенатот на Париската комуна и гласа против формирањето на Комитетот за јавен спас. После Крвавата недела, тој бега во Швајцарија и во Франција се враќа по амнестијата во 1880 година.
Ги напишал „Државата на Револуцијата“ (1877), „Историја на Париската комуна“, издадена во 1878 во Брисел, и неколку романи под псевдонимот „Артур Мате“
Во 1890 година се оженил со уметничката Делфин де Кол. Наведен е во францускиот речник на анархисти[2].
Наводи и забелешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Биографски белешки Архивирано на 25 јули 2018 г..
- ↑ ARNOULD Charles, Auguste, Edmond, Arthur, dit Larive, dit A. Matthey Архивирано на 25 јули 2018 г. во Dictionnaire des anarchistes
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Дела од или за Артур Арну на Семрежниот архив
- s:fr:Auteur:Arthur Arnould - на францускиот Викиизвор
- notice biographique Архивирано на 25 јули 2018 г..
- Portrait d'Arthur Arnould : il habite a Saint-Drézéry, a 4 ans et il est en 6e. Архивирано на 26 април 2016 г.
- Livres Arthur Arnould - BNF.
|