Артански мост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Артански мост
Γεφύρι της Άρτας
Arta Bridge
Артанскиот мост
Координати39°09′06″N 20°58′29″E / 39.15167° СГШ; 20.97472° ИГД / 39.15167; 20.97472Координати: 39°09′06″N 20°58′29″E / 39.15167° СГШ; 20.97472° ИГД / 39.15167; 20.97472
Носипешаци (пешачки мост)
ПреминуваАрахтос
МестоАрта, Грција
СопственикМинистерство за култура и спорт
Особености
МатеријалКамен
Ширина40 м
Висина&1000000000000002000000020 м
Распони4
Носачи во вода5
Историја
Завршен1612 (1612)
Местоположба
Карта

Артанскиот мост или Мост на Арта (грчки: Γεφύρι της Άρτας) ― камен мост што ја минува реката Арахтос (Άραχθος) западно од градот Арта (Άρτα) во Грција. Бил обновен многупати низ вековите, почнувајќи од римски или можеби постари темели; сегашниот мост веројатно е отоманска градба од 17 век.

Народната баладаАртански мост“ раскажува приказна за човечки жртви за време на неговото градење. Од баладата произлегле голем број на грчки поговорки и обичајни изрази, поврзани со бескрајни одложувања, како во текстот на баладата: „Цел ден го градеа, а во ноќта ќе се рушеше“.

Историја[уреди | уреди извор]

Според епирскиот хроничар Панајотис Аравантинос, мостот првпат бил изграден во времето на Римската Империја. Некои традиции велат дека бил повторно изграден кога Арта станала престолнина на Епирското Деспотство, веројатно под водство на Михаил II Дука (вл. 1230–1268). Сегашниот мост е отомански, веројатно од 1602-06 или можеби 1613 година.[1] Од анексијата на Арта во 1881 година до избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, највисоката точка на мостот била границата помеѓу Отоманската Империја и Кралството Грција.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Leontis 1999

 

Извори[уреди | уреди извор]

  • Артемис Леонтис, „The Bridge between the Classical and the Balkan“, The South Atlantic Quarterly 98 :4:625-631 (1999) во MUSE За разбирањето на местото на Артанскиот мостот во книжевниот пејзаж.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]