Армен Џигарханјан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Армен Џигарханјан
Народен глумец на СССР
Џигарханјан при примање на награда од рускиот претседател Димитриј Медведев во 2010 г.
Роден(а)3 октомври 1935 (1935-10-03) (84 г.)
Ереван, Ерменија, СССР
ЖивеалиштеМосква[1]
НародностЕрменец
ДржавјанствоРусија и САД[2]
Занимањеглумец, театарски режисер
Активен период1955–денес[3]
НаградиOrden for Service II.png Orden for Service III.png Orden for Service IV.png
Orden of Honor (Armenia) BAR.svg
People Artist of the USSR1.jpg Narodny artist RSFSR.png
Страница
dzigartheater.ru

Армен Џигарханјан (ерменски: Արմեն Ջիգարխանյան; руски: Армен Джигарханян; роден на 3 октомври 1935) е ерменски и руски (поранешен советски) актер. Тој е еден од најпознатите живи филмски и театарски глумци, и еден е од основачите, претседател и уметнички раководите на Московскиот драмски театар од 1996 година.[4][5].

Биографија[уреди | уреди извор]

Армен Џигарханјан е роден во Ереван, советска република Ерменија, на 3 октомври 1935 година.[6] Неговиот дедо од таткова страна потекнувал од ерменско семејство во Тбилиси.[3] Учел во руското училиште што го носи името на Чехов. Меѓу 1953 и 1954 година, работел како помошник камерман.[7]

Кариера[уреди | уреди извор]

Глума[уреди | уреди извор]

Учел глума кај Армен Гулакјан до 1958 година,[8] и работел во рускиот театар во Ереван „Станиславски“ до 1967 година.[9][10] Настапувал во театарски изведби на дела на Александар Островски, Максим Горки,[10] Шекспир, Тенеси Вилијамс, и на други современи светски и руски автори.[8]

Во 1967 година, Џигарханјан се преселил во Москва за да работи во театарот „Ленком“,[8] но во 1969 година, се приклучил на театарот „Мајаковски“, каде работел до 1996 година, речиси 30 години. Улогата на Сократ во драмата Контроверзи со Сократ од 1975 година му донесла признание „најинтересен и најсилен глумец на современата сцена“.

Во текот на 1970-те и 1980-те години Џигарханјан повеќе се појавувал на филм отколку во театар.

Режија[уреди | уреди извор]

Во периодот од 1989 до 1997 година, Џигарханјан предавал на Институтот за кинематографија Герасимов, а во 1996 година основал свој театар наречен „Д“, кој денес се вика „Московски драмски театар под раководство на Армен Џигарханјан“. На сцената на неговиот театар биле одиграни бројни претстави, меѓу кои биле делата на Семјуел Бекет и Харолд Пинтер.[10]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Армен Џигарханјан е добитник на повеќе награди и признанија за својата работа, меѓу кои:

  • Народен глумец на СССР (1973)[11]
  • Орден на заслуги за татковината, III класа (1995)[12]
  • Орден на заслуги за татковината, IV класа (2005)[13]
  • Орден на Александар Невски (2006)[6][14]
  • „Кристален Турандот“, највисока театарска награда во Москва (2010)[15]
  • Ордден на заслуги за татковината, II класа (2010)[16]
  • Народен глумец на советска Ерменија (1977)[9][11]
  • Почесен граѓанин на Ереван (2001)[17]
  • Орден на честа на Ерменија (2010)[18]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Правила жизни Армен Джигарханян“ (посет. 13 јануари 2014 г). (на ru)
  2. Грешка во шаблонот: потребен е наслов на аргументот.
  3. 3,0 3,1 Shalaeva, G.P., уред (2003). „Джигарханян Армен Борисович“ (на ru). Кто есть кто в мире [Who's Who in the World]. Moscow: Olma-Press. стр. 463–4. ISBN 9785812300883. https://books.google.com/books?id=Dd9aONENAxgC&pg=PA463&lpg=PA463&dq=%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B2%D1%83+%D1%81%D1%8B%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%BD%D1%8B%D1%85+%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B9++%D0%94%D0%B6%D0%B8%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%85%D0%B0%D0%BD%D1%8F%D0%BD+%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B4&source=bl&ots=CZnu7DsWEd&sig=BeZmBfmKPs1avAih6pyP5DSNn2Y&hl=en&sa=X&ei=_6HTUoTzFfOpsQS2lICQDA&ved=0CGAQ6AEwBQ#v=onepage&q=%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B2%D1%83%20%D1%81%D1%8B%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%BD%D1%8B%D1%85%20%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B9%20%20%D0%94%D0%B6%D0%B8%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%85%D0%B0%D0%BD%D1%8F%D0%BD%20%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B4&f=false. 
  4. Претседател на театарот, Армен Џигарханјан. // dzigartheater.ru
  5. Постановление Правительства Москвы от 12 марта 1996 года № 246 «О создании Московского драматического театра под руководством А. Б. Джигарханяна». АО «Кодекс» // docs.cntd.ru
  6. 6,0 6,1 Ջիգարխանյան Արմեն (Armenian). Yerevan State University Institute for Armenian Studies. Архивирано од изворникот на June 22, 2014. конс. 22 June 2014. 
  7. Архива на avproduction.am
  8. 8,0 8,1 8,2 Rollberg, Peter (2008). Historical dictionary of Russian and Soviet cinema. Lanham, Maryland: Scarecrow Press. стр. 200–201. ISBN 9780810862685. 
  9. 9,0 9,1 Արմեն Ջիգարխանյան (Armenian). AV Production. Архивирано од изворникот на June 22, 2014. конс. 22 June 2014. 
  10. 10,0 10,1 10,2 „Джигарханян, Армен Борисович“. 
  11. 11,0 11,1 Джигарханян Армен Борисович (Russian). kinosozvezdie.ru. 22 May 2011. конс. 13 January 2014. 
  12. "О награждении орденом "За заслуги перед Отечеством"" III степени Джигарханяна А. Б.“ (Russian). Kremlin.ru. 3 October 1995. Архивирано од Указ Президента Российской Федерации от 3 октября 1995 года № 1002 изворникот на 24 April 2013. конс. 13 January 2014. 
  13. „Указ Президента Российской Федерации от 1 декабря 2005 года № 1380 "О награждении орденом "За заслуги перед Отечеством" IV степени Джигарханяна А. Б".“ (Russian). Kremlin.ru. 1 December 2005. Архивирано од изворникот на 24 April 2013. конс. 13 January 2014. 
  14. Губернатор Новгородской области Михаил Прусак награжден высшейРоссийской общественной наградой (Russian). novgorod.ru. 2 November 2005. конс. 13 January 2014. 
  15. Veteran Armenian Actor Wins Top Theater Prize in Moscow“, 9 јули 2010 (посет. 13 јануари 2014 г).
  16. „Указ Президента Российской Федерации от 3 октября 2010 года № 1203 "О награждении орденом "За заслуги перед Отечеством"" II степени Джигарханяна А. Б.“ (Russian). Kremlin.ru. 3 October 2010. Архивирано од изворникот на 24 December 2013. конс. 13 January 2014. 
  17. „Honorary citizens of Yerevan“. Yerevan Municipality Official Website. Архивирано од изворникот на 15 January 2014. конс. 13 January 2014. 
  18. Armenian President confers Order of Honor on Armen Jigarkhanyan“, 18 ноември 2010 (посет. 13 јануари 2014 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

(англиски)