Арманќој-Зајчев Рид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Општина Арманќој-Зајчев Рид
Δήμος Κορδελιού - Ευόσμου
Dimos Kordeliou - Central Macedonia.svg
Општина Арманќој-Зајчев Рид во областа Централна Македонија
Euosmos-plateia.JPG
Плоштадот во Зајчев Рид
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Солун
Гео. област:
Население: 50 192 (2001)
Админ. центар: Зајчев Рид
Нас. места: 2
Пошт. број: 552
Пов. број: 2310-34
Портал: evosmos.gr/

Арманќој-Зајчев Рид (грчки: Δήμος Κορδελιού - Ευόσμου, Димос Корделиу-Евосму) — општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во Грција. Опфаќа две предградија на градот Солун.

Населени места[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Арманќој на картата на некогашниот округ Солун.
Поранешната општина Зајчев Рид на картата на некогашниот округ Солун.

Општината Арманќој-Зајчев Рид е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“.[1] со обединување на две стари општини: Арманќој (Елевтерио-Корделио) и Зајчев Рид (Евосмос).

Општинска единица Арманќој[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2001 г., општината Арманќој (Δήμος Ελευθερίου-Κορδελιού) има 21 630 жители.

Општината е создадена во 1982 г. со обединување на две солунски населби — старото село Арманќој (Елевтерио) и доселеничкото место Нео Корделио создадено во 20-тите години на XX век.

Општинска единица Зајчев Рид[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2001 г., општината Зајчев Рид (Δήμος Ευόσμου) има 52 624 жители и опфаќа само едно населено место — солунската населба Зајчев Рид (Εύοσμος, Евосмос), со стар турски назив „Таушан Тепе“.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]