Арлбершки тунел

Координати: 47°7′43″N 10°11′8″E / 47.12861° СГШ; 10.18556° ИГД / 47.12861; 10.18556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Средишниот дел на тунелот
Тунелот во изградба (1882)

Арлбершкиот тунел (герм. Arlbergtunnel) е тунел долж Арлбершката железница во западниот дел на Австрија, помеѓу покраините Тирол и Предарлска. Има должина од 10,6 километри и минува низ венецот Арлберг на североисточниот крај на Ретските Алпи.

Изградбата траела од 1879 до 1884 г, изведена на „староавстриски начин“[1]. Отпрвин имал една пруга, но се покажал толку прометен што наредната година е пуштена уште една. Тунелот започнува на 99,5 км, кај железничката станица Св. Антон на Арлберг, а завршува во Ланген на Арлберг.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Осовременување на Албершкиот тунел - Австриски сојузни железници (германски)



47°7′43″N 10°11′8″E / 47.12861° СГШ; 10.18556° ИГД / 47.12861; 10.18556