Северен поларен круг

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Арктички круг)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Северниот поларен круг (црвено) на карта на светот.
Карта на Арктикот со северниот поларен круг (сино).

Северен поларен круг (или арктички круг) — еден од петте главни напоредници на картата на светот. Ова е замислениот обрач што минува на географската ширина од 66° 33′ 44″ (или 66.5622°) северно од екваторот.[1]

Подрачјето северно од северниот поларен круг се нарекува Арктик, а подрачјето веднаш на југ е северниот умерен појас. Еквивалентниот напоредник на јужната полутопка се нарекува јужен поларен круг (антарктички круг).

Северниот поларен круг го бележи јужниот крај на поларниот ден (ден до 24-часовна дневна светлина) и поларната ноќ (ден со 24-часовен мрак). Северно од кругот, сонцето на два наврати годишно ја задржува истата положба во текот на 24 часа: еднаш над и еднаш под хоризонтот. На самиот поларен круг ова се случува точно по еднаш годишно, за време на јунскиот и декемврискиот сонцестој. Поради атмосферското прекршување на светлината и поради тоа што сонцето е тело, а не точка, дел од полноќното сонце се гледа навечер за време на северната летна долгоденица сè до околу 50 (90 км) јужно од поларниот круг; истото важи и за северната зимска краткоденица, каде дел од сонцето може да се види сè до околу 50′ северно од кругот. Ова важи за морското ниво, а во повисоките предели границите се повисоки.

Положбата на северниот поларен круг не е постојана, туку непосредно зависи од Земјиниот осен наклон, кој се менува во дијапазон од 2° во текот на период од 40.000 години,[2] особено поради приливните сили што ги предизвикува орбитата на Месечината. Северниот поларен круг моментално се движи на север со стапка од 15 м годишно.

Географија[уреди | уреди извор]

Северно од северниот поларен круг е слабо населен поради мошне студената арктичка клима. Трите најголеми места над кругот се во Русија: Мурманск (нас. 325.100), Норилск (135.000) и Воркута (85.000). Тромсе (Норвешка) има околу 68.000 жители. За разлика од нив, најголемото место над кругот во Северна Америка е Сисимиут (Гренланд) со околу 5.000 жители, а најголемото место на Канада и САД е Баро (Алјаска) со 4.000 жители. Градот Рованиеми (Финска), кој се наоѓа малку јужно од кругот има 58.000 жители и е најголемото населено место во непоследна близина на кругот.

Кругот минува низ Северниот Леден Океан, Скандинавскиот Полуостров, северна Азија, Северна Америка и Гренланд. Земјиштето на кругот е поделено на осум земји: Норвешка, Шведска, Финска, Русија, САД (Алјаска), Канада, Данска (Гренланд) и Исланд (каде минува низ малиот недалечен остров Гримсеј).

Почнувајќи од нултиот меридијан, па на исток, северниот поларен круг минува низ:

Координати Земја, територија, море Белешки
66°34′N 000°00′E / 66.567° СГШ; 0.000° ИГД / 66.567; 0.000 (01 Нулти меридијан)  Северен Леден Океан Норвешко Море
66°34′N 012°48′E / 66.567° СГШ; 12.800° ИГД / 66.567; 12.800 (02 округ Нурлан, Норвешка)  Норвешка округот Нурлан
66°34′N 015°31′E / 66.567° СГШ; 15.517° ИГД / 66.567; 15.517 (03 округ Норботен, Шведска)  Шведска округот Норботен
66°34′N 023°51′E / 66.567° СГШ; 23.850° ИГД / 66.567; 23.850 (04 покраина Лапонија, Финска)  Финска регионот Лапонија
66°34′N 029°28′E / 66.567° СГШ; 29.467° ИГД / 66.567; 29.467 (05 Карелија и Мурманск, Русија)  Русија Република Карелија
Мурманска област
повторно Република Карелија
повторно Мурманска област
66°34′N 033°25′E / 66.567° СГШ; 33.417° ИГД / 66.567; 33.417 (06 Кандалакшански Залив, Бело Море) Бело Море Кандалакшански Залив
66°34′N 034°28′E / 66.567° СГШ; 34.467° ИГД / 66.567; 34.467 (07 Мурманска област, Русија)  Русија Мурманска област – во должина од ~ 7 км
66°34′N 034°38′E / 66.567° СГШ; 34.633° ИГД / 66.567; 34.633 (08 Кандалакшански Залив, Бело Море) Бело Море Кандалакшански Залив
66°34′N 035°00′E / 66.567° СГШ; 35.000° ИГД / 66.567; 35.000 (09 Мурманска област, Колски Полуостров, Русија)  Русија Мурманска област (Колски Полуостров)
66°34′N 040°42′E / 66.567° СГШ; 40.700° ИГД / 66.567; 40.700 (10 Бело Море) Бело Море
66°34′N 044°23′E / 66.567° СГШ; 44.383° ИГД / 66.567; 44.383 (11 Ненецки автономен округ, Република Коми и Јамало-Ненецки автономен округ, Русија)  Русија Ненецки автономен округ
Република Коми
Јамало-Ненецки автономен округ
66°34′N 071°05′E / 66.567° СГШ; 71.083° ИГД / 66.567; 71.083 (12 Опски Залив) Опски Залив
66°34′N 072°27′E / 66.567° СГШ; 72.450° ИГД / 66.567; 72.450 (13 Јамало-Ненецки автономен округ, Краснојарски крај, Република Јакутија и Чукотски автономен округ, Русија)  Русија Јамало-Ненецки автономен округ
Краснојарски крај
Република Јакутија
Чукотски автономен округ
66°34′N 171°01′W / 66.567° СГШ; 171.017° ЗГД / 66.567; -171.017 (14 Чукотско Море, Северен Леден Океан) Северен Леден Океан Чукотско Море
66°34′N 164°38′W / 66.567° СГШ; 164.633° ЗГД / 66.567; -164.633 (15 полуостров Сјуард, Алјаска, САД)  САД Алјаска (полуостровот Сјуард)
66°34′N 163°44′W / 66.567° СГШ; 163.733° ЗГД / 66.567; -163.733 (18 мореуз Коцебу, Северен Леден Океан) Северен Леден Океан Коцебу
66°34′N 161°56′W / 66.567° СГШ; 161.933° ЗГД / 66.567; -161.933 (17 езеро Селавик, Алјаска, САД)  САД Алјаска – минува низ езерото Селавик
66°34′N 141°00′W / 66.567° СГШ; 141.000° ЗГД / 66.567; -141.000 (18 Јукон, Северозападни Територии и Нунавут, Канада)  Канада Јукон
Северозападни Територии – минува низ Големото Мечкино Езеро
Нунавут
66°34′N 082°59′W / 66.567° СГШ; 82.983° ЗГД / 66.567; -82.983 (19 басен Фокс, Хадсонов Залив) Хадсонов Залив басенот Фокс
66°34′N 073°25′W / 66.567° СГШ; 73.417° ЗГД / 66.567; -73.417 (20 езеро Нетилинг, Бафинова Земја, Нунавут, Канада)  Канада Нунавут (Бафинова Земја – минува низ езерото Нетилинг)
66°34′N 061°24′W / 66.567° СГШ; 61.400° ЗГД / 66.567; -61.400 (21 Дејвисов Проток, Атлантски Океан) Атлантски Океан Дејвисов Проток
66°34′N 053°16′W / 66.567° СГШ; 53.267° ЗГД / 66.567; -53.267 (22 Гренланд)  Гренланд
66°34′N 034°09′W / 66.567° СГШ; 34.150° ЗГД / 66.567; -34.150 (23 Дански Проток, Гренландско Море, Атлантски Океан) Атлантски Океан Дански Проток
Гренландско Море
66°34′N 018°01′W / 66.567° СГШ; 18.017° ЗГД / 66.567; -18.017 (24 Гримсеј, Исланд)  Исланд островот Гримсеј
66°34′N 017°59′W / 66.567° СГШ; 17.983° ЗГД / 66.567; -17.983 (25 Гренландско и Норвешко Море, Атлантски Океан) Атлантски Океан Гренландско Море
Норвешко Море

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]