Прејди на содржината

Аркејн (ТВ-серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аркејн
Плакатот на Аркејн
Жанр
  • акција
Создадена од
  • Кристијан Линке
  • Алекс Ји
Режирана одПаскал Шару
Арно Делорд
Барт Монури
Улоги
Композитор(и)Александар Темпл
Алекс Сивер
Земја на потеклоФранција Франција
 САД
Првичен јазик
Бр. на сезони2
Бр. на епизоди18
Производство
Извршен продуцент(и)
Времетраење39 — 50 минути
Продукциска куќа
Буџет250 милиони долари
Прикажување
Првична мрежаNetflix
Првично прикажување6 ноември 2021 – 23 ноември 2024
Надворешни врски
Мрежна страницаarcane.com

Аркејн (англиски: Arcane) — анимирана серија во жанрот авантуристичка фантазија заснована на вселената на играта League of Legends, создадена од американската компанија Riot Games. Анимираната серија била произведена од француското студио Fortiche под надзор на Riot Games и објавена на преносната услуга Netflix. Серијата била најавена за време на 10-годишнината на играта во 2019 г. Првата сезона се прикажувала од 6 ноември до 20 ноември 2021 г. Втората и последна сезона се прикажувала од 9 ноември до 23 ноември 2024 г.

Дејството се одвива во измислените градови Пилтовер и Заун во вселената на League of Legends. Заплетот ја раскажува приказната за две сестри, Вај и Џинкс, и силите што ги разделиле на различни страни од барикадите.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Серијата се сосредоточува на настани што се случуваат во два града: напредниот, утописки Пилтовер и запуштениот, потиснички Заун. И двата града се дел од светот на Рунтера, иако значително се разликуваат по други начини. Напнатоста меѓу градовите нагло се зголемила по создавањето на Хекстек (англ. Hextech), технологија што му овозможува на секој да управува магична енергија. Во тоа време, во Заун се појавува нова моќна дрога, Шимер (англ. Shimmer), која ги претвора луѓето во зависни чудовишта. Соперништвото што постои меѓу овие два града предизвикува непријателство меѓу луѓето, што понекогаш води до раздор меѓу блиските луѓе. Анимираната серија раскажува за односите на ликови како Вај, Џинкс, Кејтлин, Џејс, Виктор, Еко, Синџед, Хајмердингер и други.

Озвучување

[уреди | уреди извор]
Глумец Улога
Хејли Стајнфелд Вајолет / Вај
Ела Пернел Паудер / Џинкс
Кевин Алехандро Џејс Талис
Кејти Лоу Кејтлин Кираман
Токс Олагундоје Мел Медарда
Хари Лојд Виктор
Џејсон Спајсак Силко
Џеј-Би Бланк Вандер
Рид Шенон Еко
Мик Вингерт Сесил Б. Хајмердингер
Елен Томас Амбеса Медарда
Брет Такер д-р Корин Ревек / Синџед
Амира Ван Севика
Сезона Епизоди Датуми на објавување
Почнала Завршила
1 9 6 ноември 2021 20 ноември 2021
2 9 9 ноември 2024 23 ноември 2024

    Надворешни врски

    [уреди | уреди извор]