Аркадиј Бабченко
Аркадиј Бабченко | |
---|---|
Бабченко во Цхинвал во 2008 г. | |
Роден/а | Аркадиј Аркадиевич Бабченко 18 март 1977 Москва, Руска СФСР, СССР |
Занимање | новинар |
Значајни дела | Војната на еден војник (2006) |
Аркадиј Аркадиевич Бабченко (руски: Аркадий Аркадьевич Бабченко) — руски новинар и воен дописник.
Од 1995 година тој служел како војник за комуникација во Северен Кавказ и учествувал во Првата чеченска војна, а подоцна и волонтирал шест месеци за време на Втората чеченска војна. По напуштање на вооружените сили во 2000 година, тој станал воен дописник на Московски Комсомолец и Забитиј Полк. Подоцна работел како воен дописник за весникот Новаја Газета. Од 2017 година работи за телевизискиот канал АТР од Киев.
Бабченко бил издавач на списанието Искуство Војни. Во 2006 година ја објавил книгата „Војната на еден војник“ во која пишува за неговите искуства во Чеченија.
На 29 мај 2018 година беше објавено дека Бабченко бил застрелан во неговиот дом во Киев, Украина.[1] Следниот ден, тој се појави жив на прес-конференција со Службата за безбедност на Украина. СБУ соопшти дека го излажирала убиството на Бабченко, со цел да ги уапси украинските атентатори, наводно, регрутирани од руските безбедносни служби, кои всушност планирале да го извршат атентатот.[2][3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Руски новинар, критичар на Кремљ убиен во Киев“. Радио Слободна Европа. 30 мај 2018. Посетено на 31 мај 2018.
- ↑ „Убиениот" руски новинар Бабченко се појави жив и здрав на прес-конференција“. Сакам Да Кажам. 30 мај 2018. Посетено на 31 мај 2018.
- ↑ „Користевме свинска крв и шминкер за моето убиство, вели новинарот Бабченко“. Сакам Да Кажам. 31 мај 2018. Посетено на 31 мај 2018.