Ариф Рамадани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

КРАТОК ПРЕГЛЕД ЗА ВЕРСКОТО ЛИТЕРАТУРНО ТВОРЕШТВО НА АРИФ ЕФ. РАМАДАНИ

Овие се дела кои настанале во текот на изминатите години и повеќето се резултат на големиот ангажман на авторот, преведувачот, лекторот, и компјутерски обработувач Ариф еф. Рамадани. Кој некогаш како автор пишува, некогаш како преведувач од Арапски и малку од Босански јазик се обидел исламскиот дух, верување и концепција да ја пренесе до поширокиот аудиториум, особено до оние муслимани кои припаѓаат од македонското говорно подрачје. Првенствено да ја надполни огромната празнина на ова поле со цел исламот да стане животен систем и практичен програм за муслиманите, од друга страна, да ги отфрли сите заблуди и погрешни констатации кај некои не-муслиманите и сите пристрасни луѓе кои се фобични кон исламот и муслиманите. Тие дела се плод на макотрпна работа, голема активност и силна посветеност во полето на будење на исламската мисла и враќање на муслиманите во изворните приниципи на верата: Кур’анот - Аллаховиот говор и Суннетот - традицијата, делата, постапките, зборовите и согласувањата на Мухаммед с.а.в.с. Имено, сите книги и брошури, напишани и преведени се строго со верска тематика и исполнети со верски автентични аргументи и здрави рацинални размислувања. Аллах Севишниот најдобро ја знае намерата и ние секогаш на крајот од секое настанато дело упатувавме дова до Него - секоја книга или брошура да ја направи искрена за постигнување на Неговото задоволство и награда, и ги стави во кантарот на Судниот ден меѓу добрите дела. Со Аллахово џ.ш. име започнувавме и со Негово име завршувавме! Нему му припаѓа благодарност за настанатите дела, само Тој е кадар да ги отвори умовите, да внесе мотивација и инспирација во создавање на некое дело. Она што сме го погодиле во нашите книги е Аллахова заслуга, а она што сме го погрешиле е нашата човечка природа и заслуга на нашиот непријател шејтанот. Аллах Севишниот Го молам да ги надмине нашите пропусти и грешки, Тој е Семоќен и Милостив кон оние кои ја бараат Неговата милост и прошка, а за она што сме го погодиле и постигнале успех меѓу муслиманите, Го молиме да не награди со Неговата неизмерна награда на овој и оној свет. Аллахумме Амиин!

Следниве книги се авторски книги:

1- Примери од историјата на Исламот; 2- Современи хутби во светлината на Кур’анот и Суннетот; 3- Исламски учебник; 4- Конвертити во Ислам; 5- Исламски теми; 6- Пораки на Мухаммед а.с. со коментар; 7- Исламски примери, мудрости и совети; 8- Прирачник за Хаџџ; 9- Моралот во Ислам; 10- Мал илмихал; 11- Таквим 2002 година за Швајцарија 12- Таквим 2003 година за Швајцарија 13- Исламски адаби на однесување. 14- Муслимански лични имиња.


Преведени книги:

1- Предзнаци на Судниот ден во две изданија, од Махмуд ел Мисри Ебу Аммар. 2- 40 Совети за исламска фамилија, Мухаммед Салих ел-Мунеџџид. 3- Исламско братство, од Абдуллах Насих Улван. 4- Прва браќна ноќ, од Мухарем Штулановиќ. 5- Писмо до Сестра и Мајка муслиманка, Мирсада-Мерјем Курдиќ. 6- Мухаммед а.с. како да го гледаш, од Аид ел-Карни. 7- Од гроб во Џеннет или Џехеннем, од Абдуллах ибн Аллаф ел-Гамиди. 8- Како да бидеш милионер со добри дела, Шејх Шемсудин. 9- Заштита на муслиманот од Шејтанот, од Абдул Басит Хилли. 10- Лекување со Кур’ан и Суннет, од Саид Кахтани. 11- Курански раскази за деца, Ејмен Абдулазиз Џебер. 12- Најсреќната жена во светот, Аид ел-Карни 13- Биди жител на Џеннет, од Емир ибн МУхаммед ел-Медари. 14- Хиџаб, начин на исламско облекување, од Исам Фарук Хаддад. 15- Нова Суфара, од Фикрет Арнаут. 16- Близината на Кијамет, од Али Рамадан ебул-Изз. 17- Исповед на шејтанот, 18- Урок и Магија во Шеријатот, 19- Феноменот слаб иман, Мухаммед Салих ел-Мунеџџид. 20- Големи гревови, од Имам Зехеби. 21- Шеријатски забрани, од Мухаммед Салих ел-Мунеџџид. 22- Совет до Алимите од Неџд, од Јусуф бин Сејјид ер-Рифаи.


Корегирани, лектурирани и јазично обработени:


1 - Совршенството на Кур’анот, Мухаммед Ша’рави 2 - Бракот и интимните односи во исламот, Шефик Курдиќ 3 - Детството на Мухаммед а.с. 4 - КУРАН со КРАТОК КОМЕНТАР, 5 - Од животот на Асхабите, Абдуррахман Рафет Паша, 6 - Ејјухел-велед, О млад човеку, од Ебу Хамид ел-Газали. 7 - Исламот против суевериите, од Муса Санин. 8 - Секојдневен зикр и дови, од Исхак Седиќ. 9 - Плаче мајка муслиманка, Зубер Асаноски. 10 - Убавините на исламот, Хусејн Чајлаковиќ, 11 - Врабец, Мухаммед б. Ебу Бекр

Бројни летоци, плакати, календари и сл.