Аргишти I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аргишти I
Statue of Arghishti.JPG
Монумент на Аргишти во Ереван, Арменија
Крал на Урарту
Владеење 786–764 година п.н.е.
Претходник Менуа
Наследник Сардури II
Деца
Сардури II
Татко Менуа
Мајка Таририја
Роден(а) околу 827 година п.н.е.
Починал(а) околу 764 година п.н.е.

Аргишти I (ерменски:Արգիշտի Ա) — шестиот познат крал на Урарту, тој владеел од 786 година п.н.е. до 764 година п.н.е. Тој ја основал цитаделата на Еребуни во 782 година п.н.е., која е денешниот главниот град на Ерменија, Ереван.[1]

Син и наследник на Менуа, тој ја продолжи серијата на освојувања иницирана од неговите претходници. Тој беше вклучен во голем број на конфликти со асирскиот крал Шалманесер IV. Тој го освоил северниот дел на Сирија и го претвори Урарту во најмоќната држава во пост-хетитска Мала Азија. Тој исто така го прошири неговото кралство на север до езерото Севан, освојувајќи ги Диаоха и Араратската долина.[2] Аргишти ја изгради Еребунската тврдина во 782 година п.н.е. и тврдината на Аргиштикиинили во 776 година п.н.е..

Тој беше наследен од неговиот син Сардури II.

Лингвистите сметаат дека името Argištiše има индо-европско потекло (ерменско).[3] Како доказ ја користат сличноста на зборовите: ерменскот արեգ (areg) – "сончево божество", "сонце", фригискиот ΑΡΕJΑΣΤΙΝ (Areyastin) - "епитет за големата мајка" и античко грчкиот αργεστής (argestes) - "сјаен", "брилијантен", "бел", "светол".

Урарту за време на владеењето на Аргишти I

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Burney, Charles Allen (2004-04-19). Historical Dictionary of the Hittites. 2004. стр. 187. ISBN 9780810865648. https://books.google.com/books?id=azPl5Jzv930C&pg=PA187. 
  2. Suny, Ronald Grigor (1994). The Making of the Georgian Nation. стр. 6. ISBN 0253209153. https://books.google.com/books?id=riW0kKzat2sC&pg=PA6. 
  3. Petrosyan, Armen - The Indo-european and ancient Near Eastern sources of the Armenian epic, 2002, Institute for the study of Man