Шат ел-Араб

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Арванд)
Шат ел-Араб
Местоположба
Физички особености
УстиеПерсиски Залив
 • надм. вис.
0 м
Должина200 км
Особености на сливот

Шат ел-Араб (арапски: شط العرب, „Арапски Поток“; персиски: اَروَندرود, Арванд[1] = „Брза“) — река во Југозападна Азија со должина од 200 км. Се создава со спојување на Тигар и Еуфрат кај местото Курна во покраината Басра во Јужен Ирак. Јужниот крај на течението ја исцртува границата помеѓу Ирак и Иран, сè до устието во Персискиот Залив. Во ширина се движи од 232 м кај Басра до 800 м во устието. Се смета дека реката настанала релативно доцна во геолошки рамки, а пред тоа Тигар и Еуфрат се влевале во Персискиот Залив преку друг водотек на запад.

Од иранска страна на реката ѝ се приклучува притоката Карун и донесува големо количество мил. Поради ова, коритото мора постојано да се ископува за да се задржи пловноста.[2]

Во поречието е сместена најголемата шума на урмини палми во светот. Во средината на 1970-тите, подрачјето имало 17-18 милиони дрва, или 15 од вкупниот број во светот. Меѓутоа, веќе во 2002 г, воените судири, штетниците и солта уништиле преку 14 милиони палми, од кои 9 милиони во Ирак и 5 милиони во Иран. Голем број од преостанатите 3-4 милиони дрва се во лоша состојба.[3]

Во персиската книжевност и епот „Шахнаме“ (977-1010), името اروند Арванд се однесува на Тигар, кој е една од реките што го сочинува Шат ел-Араб.[4] Поимот почнал да се однесува на оваа река во периодот на Пахлевите и опстојува како таков и по Иранската револуција (1979) до денес.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Поточно Арвандруд = „Брза Река“
  2. Ирак — Поважни географски елементи (англиски)
  3. Шат ел-Араб Архивирано на 12 јули 2007 г.УНЕП (англиски)
  4. 4,0 4,1 Арандруд, М. Кашеф. — Енциклопедија „Ираника“ посет. 18 октомври 2007 г

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 30°24′26″N 48°09′06″E / 30.40722° СГШ; 48.15167° ИГД / 30.40722; 48.15167