Ара (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ара
Аралак
Mount Ara, Armenia.JPG
Највисока точка
Надм. вис.2614 м (2,576 m[1])

Планината Ара (ерменски: Արա լեռ) — полигенски стратовулкански конус кој се наоѓа во Котајк, Ерменија[2]. Градот Зораван и блиската црква Гаргаванк, се наоѓаат по долните падини на планината. Градот Јегвард е под планината, додека Ереван е јужно.

Геологија[уреди | уреди извор]

Планината има уништен кратер и основен дијаметар од 9 километри на надморска височина од 1.900 метри. Вулканот е изграден од слоеви на лава и вулкански агломерати на андезит и дацит. Падините на север и исток се пошумени. Од едниот конус на југ од Араилер избувнал андезит. Андезит исто така се појавил во поранешните кратери и лавински текови кои се прошириле кон реката Храздан. Едно калиум-аргонско датирање укажува на возраст од 1,3 Ма. Освен тоа постојат и два конуси познати како Нохут и Шахвард[1].

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Планината има висока биоразновидност со Sympecma paedisca, Colias aurorina, Parnassius mnemosyne rjabovi, Armenohelops armeniacus, Cylindronotus erivanus, Conizonia kalashiani, Parnassius apollo kashtshenkoi, Dorcadion kasikoporanum, Papilio alexanor orientalis, Proterebia afra hyrcana и Tetralonia macroglossa.[3]. Екосистемот е добро зачуван, освен мала закана од пасење. Планината, исто така, поседува голем број видови птици, вклучувајќи го и Златниот орел, Малиот орел кликач, Кавкаскиот црн тетреб и.т.н.

Легенди[уреди | уреди извор]

Според легендата, планината била именувана по царот Ара Убавиот. За време на битката против асирската кралица Семирамида, Ара ја поставил својата војска во подножјето на Ара.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Lebedev, V. A.; Chernyshev, I. V.; Yakushev, A. I.. Initial time and duration of quaternary magmatism in the Aragats neovolcanic area (Lesser Caucasus, Armenia). „Doklady Earth Sciences“ том  437 (2): 532–536. doi:10.1134/S1028334X11040209. ISSN 1028-334X. 
  2. Khachatur Meliketsian (August 2013). Pliocene-Quaternary volcanism of the Syunik upland (Armenia) (Извештај). Veröffentlichungen des Landesamtes für Denkmalpflege und Archäologie Sachsen-Anhalt. стр. 249. конс. 9 July 2015. 
  3. Dr. Gayane Karagyan. Identification of Priority Areas for the Conservation of Endangered Insect Species of Ararat Valley in Armenia (Извештај). The Rufford Foundation. стр. 15–16. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]