Ара Убавиот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Семирамида гледајќи го трупот на Ара Убавиот (насликано од Варгдес Суренијантс, 1899).

Ара Убавиот (ерменски: Արա Գեղեցիկ Ara Geghetsik) — легендарен ерменски херој. Тој е познат во ерменската литература по популарната легенда според која тој бил толку убав што асирската кралица Семирамида војувала против Ерменија за да го добие.

Легендарниот ерменски крал бил опишан од ерменскиот историчар од 5-тиот век, Мојсеј Хоренаци, во неговата книга "Историја на Ерменија".[1] Легендата за Ара Убавиот извршила значајно влијание врз ерменската уметност и литература, инспирирајќи многу ерменски писатели и уметници при создавањето на нивните дела, како што е трагедијата "Ара Убавиот" од Наири Заријан.

Тој е понекогаш поврзан со историскиот крал на Арарат познат како Арама, кој владеел во 9-тиот век п.н.е.

Легенда[уреди | уреди извор]

Семирамида (на ерменски Шамирам), слушнала за убавината на ерменскиот цар и испратила писмо во кое таа побарала од него да стане нејзин сопруг и да ги соединат нивните држави и да владеат заедно. Сепак, гласниците се вратиле и ја известиле Семирамида дека Ара ја одбил. Семирамида се чувствувала понижена и им наредила на нејзините команданти да го фатат Ara жив во регионот наречен Арарат, но тој беше убиен од страна на еден од нејзините синови. Неговото тело беше пронајдено на бојното поле, меѓу другите убиени војници.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]