Арапска салата
Вид | Салата |
---|---|
Правец | Мезе |
Главни состојки | Зеленчуци, зачини |
Cookbook: Арапска салата на Викикниги
|
Арапската салата ― која било од различните јадења одсалати кои се дел од арапската кујна. Комбинирајќи многу различни овошја и зачини, а често се служат како дел од мезето, арапските салати ги вклучуваат оние од Алжир и Тунис како што се „алжирската салата“ (салата џазаирија) и „Салатата со црни маслинки и портокали“ (салатат зајтон) и од Тунис салатата машвија која е салата на скара направена од пиперки, домати, лук и кромид со маслинки и туна одозгора, оние од Сирија и Либан, како што се салата од артичока (салатаф куршоф) и салата од цвекло (салата шамандар), и оние од Палестина и Јордан.[1] Други познати арапски салати што се јадат низ арапскиот свет вклучуваат фатуш и табули.[2][3]
Рецептот за една арапска салата во списанието „Woman's Day“ вклучува домат, краставица и кромид исечкан на коцки.[4] Често помешана со магдонос и комбинирана со сок од свежо исцеден лимон и маслиново масло, арапската салата не содржи зелена салата. Сите зеленчуци освен кромидот се оставаат неизлупени, а салатата треба веднаш да се послужи. Други варијации вклучуваат служење со пржени кришки од пита или додавање сумак во преливот со лимон и масло.[5] Меѓу Палестинците, оваа арапска салата е позната како салата ал-бундура („салата од домати“) и познато е служена заедно со јадења со ориз.[6][7]
Слични салати во Блискиот Исток се персиската салата ширази и турската чобан (овчарска) салата.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Salloum et al., 1997, p. 56-58.
- ↑ Shulman, 2007, p. 128.
- ↑ Wright, 2001, p. 251.
- ↑ Women's Day Magazine: Arabic Salad Архивирано на 6 јули 2011.
- ↑ Recipes from Bahrain and the Rest of the Middle East
- ↑ Arabic Salad Recipe[мртва врска]
- ↑ Farsoun, 2004, p. 138.
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Farsoun, Samih K. (2004), Culture and Customs of the Palestinians (Illustrated. изд.), Greenwood Publishing Group, ISBN 978-0-313-32051-4
- Salloum, Habeeb; Peters, James; Cassidy, Neal (1997), From the Lands of Figs and Olives: Over 300 Delicious and Unusual Recipes from the Middle East and North Africa (Illustrated. изд.), I.B.Tauris, ISBN 978-1-86064-038-4
- Shulman, Martha Rose (2007), Mediterranean Harvest: Vegetarian Recipes from the World's Healthiest Cuisine (Illustrated. изд.), Rodale, ISBN 978-1-59486-234-2
- Wright, Clifford A. (2001), Mediterranean Vegetables: A Cook's ABC of Vegetables and Their Preparation in Spain, France, Italy, Greece, Turkey, the Middle East, and North Africa with More Than 200 Authentic Recipes for the Home Cook (Illustrated. изд.), Harvard Common Press, ISBN 978-1-55832-196-0