Прејди на содржината

Арапахо (народ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Scabby Bull. Арапахо Индијанец 1906 година

Арапахо е едно од најзначајните племиња на американските староседелци од алгонквинското семејство, населено во текот на 19 век покрај реките Плат и Арканзас. Во 1780 години ги имало околу 3.000. Денес тие живеат на резерватите Винд Ривер заедно со Винд Ривер Индијанците (Источни Шошони), нивните поранешни непријатели, и во Оклахома со Шајените, каде што формираат значително мнозинство во таканареченото племе „Шајен-Арапахо“.

Името Арапахо доаѓа од името „тирапиху“ или „ларапиху“, што значи „трговец“. Арапахо се нарекуваат себеси Инуна-ина (или „нашиот народ“). Другите племиња ги знаат под различни имиња. Некои од овие имиња откриваат некои од нивните обичаи. Индијанците од Арапахо биле наречени „Јадачи на кучиња“ затоа што користеле кучиња во нивната исхрана. Шошоните и Команчите ги нарекувале Саретика, што имало исто значење. Племето Шајени, кои инаку биле сродни со нив, ги нарекувало Хитанво'ив „Облачен народ“ или „Скијачи“, а Канти (племето од групата Сијукси ) ги нарекувало Махпииато или „Син Облак“.

Арапахо Индијанци, жени и деца, околу 1870 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Според традицијата, Арапахо некогаш биле седентарен народ кој живеел во долината на Црвената река (Северна Дакота и Минесота),и од таму се преселиле на југозапад преку реката Мисури. На овој пат, дел од нив се разделиле, и тие се Грос Вентрес Индијанци. До разделувањето можеби дошло поради Кроу Индијанците кои се преселувале на север и им го пресекле патот. Ова се случило некаде во доцните 1600-ти години, бидејќи во раните 1700-ти години се здружиле ги со Блекфит Индијанците. Во 19 век, Арапахо се поделиле во две групи, Северна и Јужна. Северната се населила во областа Плат, а Јужната се населила во близина на реката Арканзас. Во 1840 година, Арапахо склучиле воен договор со Сијукси, Кајова и Команчи и започнале војна со Шошоните, Утите и Пауните. Со договор во „Медисин Лоџ“ во 1867 година Јужните Арапахо биле населени во Оклахома со јужните Шајени. Северните Арапахо подоцна биле населени на резерватот Винд Ривер во Вајоминг, каде што живеат и денес. По талкањето меѓу Мисури и Саскачеван, одродените Грос Вентре се придружиле на Асинибоините во резерватот Форт Белкнап во Монтана .

Животот на Арапахо

[уреди | уреди извор]

Арапахо биле номадски народ, живееле во типи-шатори, а бизоните им обезбедувале речиси се што им било потребно за живот. Тие тргувале со племињата Арикара и Мандан, кои биле познати како одгледувачи на пченка, а со овој производ ги снабдувале другите номадски народи.

Арапахо биле религиозен народ. Најсветото нешто на светот за нив е „Плоснато луле“, што го почитувале дури и повеќе од сонцето. Нејзиниот чувар го носел како свет талисман и одел опкружен со стражари. Неговото име е „оној кој го покрива лулето“. Носачот на лулето е тој кој дава знак дека патувањето е завршено. Во текот на ноќта, Индијанците поставале круг околу шаторот каде лулето „ноќува“.Овој талисман сè уште е во сопственост на племето Северен Арапахо. На лулето талисман Арапахо Индијанците и денес му принесуваат жртви во облик на храна. Според нивното верување кочанот пченка, камената желка и плоснатото луле во нивна сопственост се од почетокот на светот.

Како номади, Арапахо следеле стада бизони во лето, биле мајстори во лов на овие големи животни. Со мешање на месото од бизон со некои билки и зачини, тие добивале трајно конзервирана храна позната како „пемицан“. Пемицанот се чувал во парфлек- кожна торба. Облеката на Арапахо била направена од штавени еленски кожи, и се состоела од престилка и ногавици. Еднаш годишно племињата Арапахо се среќаваат и ја одржуваат познатата церемонија во преријата „Сончев танц“. Церемонијата траела 8 дена и порано му претходела на големиот летен лов на бизони. Племињата ставале леб во своите шатори, а отворените влезови во шаторот гледале кон исток, од каде изгрева сонцето. Главниот шатор во кој се изведувала церемонијата „Sun Dance Lodge“ се наоѓал во средишниот дел на кампот. За време на церемонијата се вршело ритуално мачење на „танчерите“ на кои не им било дозволено да покажуваат знаци на болка, а последиците би биле исмевање од страна на жените.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]