Арамиско оро
Изглед
Арамиско е машко македонско оро, кое кореографски потекнува од Битолско.[1]
Ова е борбено оро кое се игра со разни реквизити: сабја, пиштол, бомби. Изобилува со многу драмски елементи. Кога играчите играат се движат еден зад друг или еден до друг во права линија. Почетна позиција е кога играчите се во полукруг, со лицето свртени кон центарот на кругот. Ритамот е 13/16.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Михаило Димоски: Македонски народни ора, Наша Книга, Скопје, 1977, стр. 203-206
![]() | Оваа статија оро или играорство е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |