Прејди на содржината

Арабатска тврдина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Арабатска тврдина
Крим

Арабатската тврдина. Слика од Карло Босоли, 1856 (последната година од Кримската војна)
Координати 45°17′45″N 35°28′42″E / 45.2958°N 35.4783°E / 45.2958; 35.4783
Изграден втора половина на 17 век
Градежни
материјали
камен
Тековна
состојба
урнатини
Отворен за
јавноста
yes

Ќош од тврдината, 2010

Арабатска тврдинатврдина изградена во 17 век од страна на отоманската војска.[1] Се наоѓа на најјужниот дел од Арабатскиот Провлак.[2] Нејзината намена била да го чува провлакот и Крим од освојувања.[3] Била во употреба, со прекини, сè до Кримската војна од 1853–1856 година.

Името на Арабатската тврдина потекнува или од арапскиот збор „рабат“, што значи „воен пункт“, или од туркискиот „арабат“ што значи „предградие“,[2] и е потеклото на името на Арабатскиот Провлак.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]

Заднина: класична антика

[уреди | уреди извор]

Постојат информации за утврдување кое се наоѓало на ова место за време на Босфорското Кралство (кралството постоело помеѓу 5 век пr. н. е. и 4 век н. е.). [5]

Отоманска тврдина

[уреди | уреди извор]

Турското освојување на Крим во 1475 година го означила крајот на џеновските колонии таму, што довело до уништување на џеновските тврдини на полуостровот.[5] Турците изградиле или обновиле тврдини во сите стратешки важни точки на полуостровот, а нивни главни тврдини биле Ор Капи кај Перекоп, Арабат, Јени-Кале на Керчкиот Проток, Ѓозлеве и Кефе.[5]

Тврдината веројатно била изградена во втората половина на 17 век од страна на турската војска и за првпат била прикажана на карта што ја составил Јакоб фон Сандрарт во 1651 година.[1] Оваа карта била заснована на материјал собран од францускиот воен инженер и картограф, Гијом Ле Васер де Боплан, автор на книгата „Опис на Украина“ од 1651 година.[1]

Тврдината имала релативно напреден воен дизајн, била осмоаголна по облик со камени ѕидови дебели 3 метри и била опкружена со земјен ѕид и ров. Имала пет кули и две порти. Неколку реда амбразури (отвори) биле свртени кон исток, север и запад и биле направени за различни видови артилериско оружје. Иако тврдината била тешка за освојување кога била правилно бранета, нејзината оддалечена местоположба од Турција значела дека нејзиниот гарнизон честопати имал недоволно персонал, што им дозволувало на руските трупи да ја заобиколат во 1737 година и со напад да ја освојат во 1771 година.[5] Пред тоа, била ограбена од Запорошките Козаци во 1667 година.[6]

Руско Царство

[уреди | уреди извор]

Откако Крим станал дел од Русија во 1783 година, тврдината била напуштена, но подоцна била обновена и користена од Русите за време на Кримската војна од 1853–1856 година за одбрана на кримскиот брег. По војната, тврдината повторно била напуштена, а нејзините ѕидови биле користени од луѓето од блиското мало село Арабат како извор на камен.[3]

Советски Сојуз

[уреди | уреди извор]

Арабатскиот Провлак повторно бил сведок на жестоки борби меѓу советската Црвена армија и Белата армија во 1920 година, како и со Германската армија за време на Втората светска војна во раздобјето од 1941 до 1944 година.[5]

Во 1968 година, таму биле снимени некои сцени од познатиот советски филм „Двајца воени другари“.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 Guillaume Le Vasseur de Beauplan (1660). Description d'Ukranie (француски).
  2. 1 2 Arabat Foretress Архивирано на 23 март 2014 г. (на руски)
  3. 1 2 Semenov, p.111
  4. Shutov, Introduction Архивирано на 4 февруари 2013 г.
  5. 1 2 3 4 5 Shutov, Part 1 Архивирано на 4 февруари 2013 г.
  6. В. Смолій; В. Степанков (2011). Петро Дорошенко: Політичний портрет (украински). НАН України. Інститут історії України. стр. 143. ISBN 978-617-569-051-2.